Го почнал бизнисот со семејството, денес се крие од јавност: Кој е основачот на OnlyFans?
Пандемијата му беше во прилог на Тим
Кога почна пандемијата и сите бевме затворени дома, популарноста на OnlyFans драстично се зголеми.
Во период од еден месец во 2020-та, бројот на корисници и креатори на содржини се зголемил за дури 75%.
Истата година и некои познати личности си направија профили, што дополнително го зголеми бројот на корисници.
Тим ја напушти компанијата, а сакаше и да ја забрани порнографијата
Во 2021 година се појави загриженост дека на платформата има порнографска содржина со малолетници, па дури и содржина со сексуално малтретирање.
Поради ова, од OnlyFans најавија дека ќе ја забранат порнографската содржина.
Друга причина беше и желбата да си ја подобрат репутацијата и да привлечат помоќни инвеститори кои обично избегнуваат сè што е поврзано со порнографија.
Сепак, откако корисниците на платформата се побунија, одлуката беше променета.
Тој период, и Тим се повлече од својата функција.
Тим стана познат како „кралот на аматерската порнографија“
Тим веројатно ќе си го носи овој прекар уште долго, но не му пречи бидејќи заработи над 120 милиони долари.
Во Британија, Тим беше познат како бизнисмен кој со задоволство го промовира својот раскошен живот.
На Инстаграм редовно споделуваше фотки од патувања и скапи излегувања, како и неговиот луксузен дом.
Куќата во која живее вреди над 3 милиони долари има шест спални соби, теретана, сауна, па и киносала.
Денес се држи настрана од јавност
Поради некоја причина, Тим одлучи да се повлече од јавниот живот и на Инстаграм нема споделено ништо повеќе од две години.
Не е познато дали е во врска, ниту на каков бизнис е фокусиран моментално. Единствено во 2023-та откри дека лансирал нова платформа, слична на OnlyFans, позната како Zoop.
Се претпоставува дека денес неговото богатство изнесува околу 100 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





