Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари
Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а спиел и со бројни девојки кои работеле во неговата фабрика. Од едната љубовница добил и син кој на крај ја наследи неговата империја.
Можеби не знаете ништо за неговиот приватен живот, но сигурно знаете кој е Енцо Ферари – италијански тркач, но и основач на најпозната марка автомобили во светот, Ferrari.
Енцо несомнено бил гениј во својата област, но тој бил и „женкар“ кој наводно ги гледал жените како предмети и редовно ја изневерувал сопругата. Познато е дека имал две љубовници со кои се гледал мошне долг период, а од едната добил и дете.
Според неговиот биограф, Брок Јејтс, Енцо бил „зависен и опседнат со секс“, а честопати спиел со жените вработени во неговата фабрика.
Неколку детали од бурниот љубовен живот на Енцо Ферари:
Енцо Ферари наводно се фалел дека имал спиено со преку 3.000 жени.
Во 1980-тите, тој направил мала прослава во ресторан за неговите најблиски, каде што присуствувал и пријател кој себеси се нарекувал „Казанова“.
Кога Енцо го прашал со колку жени мал спиено, пријателот му кажал со 3.000. На ова, Енцо изјавил:
„Само 3.000?!“
„За него жените беа само предмети. Не се грижеше за нив. Тој ги гледаше само како нешто што може да го однесе во кревет“, има изјавено жена која работела за него.
Во 1923 година, Енцо се венчал со Лора Гарело – 23-годишна девојка која работела како танчарка.
Според биографот Брок, расправиите помеѓу нив биле секојдневие, најмногу поради неверствата на Енцо.
Кога бизнисот на Енцо почнал да напреднува, тој честопати патувал, па неверствата само зачестиле.
„Неговото изневерување достигна ново ниво. Најчесто спиеше со жени кои ги среќаваше на трките, но како што му се подобруваше статусот во општеството, му се менуваше и вкусот за жени“, вели биографот.
Наводно, Енцо неколкупати имал изјавено дека „секој маж треба да има две жени“. Па, во 1929-та, околу шест години по венчавката, почнал афера со Лина Ларди.
Аферата со Лина траела навистина долго, дури и откако со сопругата Лора го добил синот Дино во 1932-ра.