Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Садам Хусеин
Садам и Саџида заедно добиле пет деца, а таа со години не зборувала ништо за наводните афери на нејзиниот сопруг. Но, нештата се промениле во 1986-та година, кога Садам тајно се оженил со својата втора жена Самира Шабандар.
Садам ја запознал Самира додека таа била во брак со друг маж и прво започнале тајна врска, а потоа и тајно се венчале, откако нејзиниот сопруг мудро отстапил и се развел од неа.
Постојат гласини дека поранешниот сопруг на Самира работел во авиокомпанија, а откако ѝ дал развод на сопругата, Садам го поставил да биде директор.
Сепак, на Саџида ѝ пречело тоа што Садам донел нова жена. Нејзиниот брат и прв братучед на Садам, Адам Кхаиралах, почнал јавно да зборува за срамот што ѝ е нанесен на Саџида, па ненадејно загинал во хеликоптерска несреќа.
Подоцна, еден од телохранителите на Садам признал дека по наредба на Садам поставил експлозиви во леталото.
Во 1988-ма година, синот на Садам, Удај се чувствувал загрозено од присуството на Самира, затоа што сметал дека тој целото богатство ќе ѝ го остави нејзе и на синот што му го родила, па одлучил гневот да го истури врз жената што ги запознала, Камил Хана Гегео.
На забавата во чест на Сузана Мубарак, сопругата на египетскиот претседател Хосни Мубарак, Удај ја претепал и ја избодел Камел до смрт.
По ова страстите се смириле, сè до 2003-та година кога Садам насилно беше симнат од власт. Неговата прва сопруга морала да побегне од Багдад со двете ќерки и оттогаш им се губи секаков траг, а никој не знае ниту што се случило со неговата втора сопруга.
Постоеја гласини дека Саџида се крие во Либија, а потоа и во Велика Британија, но засега нема официјални податоци каде точно се наоѓа таа.
Б. С. Б. | Црнобело