Жените се натпреваруваат бремени и уште 7 факти за професионалните тркачи
Жените се соочуваат и со други проблеми
Многу жени чувствуваат силни болки кога имаат менструација. Овде спаѓаат и жените кои се професионални тркачи.
Проблемот е што менструалните болки можат да бидат причина да изгубат трка.
Токму ова ѝ се случи на Дина Ашер Смит која минатата година изгуби трка поради силни менструални болки.
Од болките почнала да чувствува и грчеви во нозете.
По ова, Дина почна да се залага за повеќе истражувања за влијанието на менструацијата врз перформансот на жените спортисти.
Честопати се разболуваат
Поради напорните тренинзи, стресот од натпреварите, а некогаш и несоодветниот одмор, повеќето тркачи се посклони кон настинки.
Минуваат многу време во теретана
Ние мислиме дека штом се професионални тркачи, овие спортисти мора да имаат мускулести тела.
Но, нивните мускулести нозе и задници се должат и на тоа што минуваат многу време во теретана.
Тие обрнуваат посебно внимание на мускулите на нозете и задникот за да си го подобрат перформансот,
И тие имаат стрии
Како секоја жена, и професионалните тркачи се соочуваат со стрии, па и опуштена кожа.
Ова е знак дека некогаш и жените кои целиот живот се занимаваат со вежбање и физичка активност, сепак имаат стрии. Што значи, не треба да се грижите за вашите.
Спирова С. | Црнобело