Жените се натпреваруваат бремени и уште 7 факти за професионалните тркачи

Знаевте ли дека професионалните тркачи не носат долна облека, а пред натпревари спијат и по 12 часа?

zhenite-se-natprevaruvaat-bremeni-i-ushte-7-fakti-za-profesionalnite-trkachi-01.jpg

Професионалните тркачи, без разлика дали на кратки или долги растојанија, дефинитивно се посебен вид луѓе.

Нам, „обичните“ луѓе ни се смрачува ако само помислиме на нивните напорни тренинзи кои за нив се само секојдневие.

Осум забавни факти за животот и работата на професионалните тркачи:

Ни бременоста не ги спречува да тренираат

Доколку немаат ризична бременост и сè е во најдобар ред, женските тркачи не престануваат со нивните тренинзи.

Некои, пак, дури и се натпреваруваат додека се бремени, како Алисија Монтањо од САД.

zhenite-se-natprevaruvaat-bremeni-i-ushte-7-fakti-za-profesionalnite-trkachi-02.jpg

Се тркаат без долна облека

Повеќето тркачи не носат долна облека кога се натпреваруваат.

Долната облека може да им предизвика иритација или, едноставно, да им биде неудобно со неа.

Во овој случај, шорцовите што ги носат имаат „вградена“ долна облека која им ги штити интимните делови.

zhenite-se-natprevaruvaat-bremeni-i-ushte-7-fakti-za-profesionalnite-trkachi-003.jpg

Спијат многу

Тренинзите на професионалните тркачи се многу исцрпувачки, па тие не си дозволуваат да спијат помалку од осум часа.

Ако вежбаат понапорно и се подготвуваат за натпревар, можат да спијат и по 10 часа навечер.

zhenite-se-natprevaruvaat-bremeni-i-ushte-7-fakti-za-profesionalnite-trkachi-004.jpg

Жените немале отсекогаш слобода да се натпреваруваат

Како многу работи во минатото, и трчањето се сметало за машки спорт.

Поради ова, на жените им било забрането да се натпреваруваат, но не се откажувале.

Одличен пример за ова е Боби Гиб. Во 1966 година таа стана првата жена која го истрча Бостонскиот маратон.

Тој период на маратонот трчале само мажи, но Боби сепак се пријавила и ја завршила трката за три часа и 21 минута.

Потегот на Боби не ги променил правилата прек ноќ, но дефинитивно ги мотивирал другите жени да се борат за нивните права да се натпреваруваат.

zhenite-se-natprevaruvaat-bremeni-i-ushte-7-fakti-za-profesionalnite-trkachi05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg