Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите
Мажите склучувале посебен договор меѓу себе наречен „пријател по жена“, според кој на својот пријател му давале право да се „послужи“ со неговата жена.
Потпишувањето на договорот бил ритуал кој вклучувал помазание со крв, како и принесување жртва.
Во вака организирана заедница може да има повеќе од еден пар, а главни услови биле да не се во роднинска врска и да се на слична возраст.
Во неа не учествувале браќа и сестри, ниту луѓе од различни генерации. Значи, поентата била сопрузите и жените да бидат на слична возраст.
Вообичаено било „пријателот по жена“ да го посети својот пријател во неговата куќа, да ја остави сопствената жена и да ја земе неговата. Потоа со сопругата на својот пријател мажот живеел по неколку месеци, по што обично ја враќал кај нејзиниот сопруг, а понекогаш ја задржувал засекогаш.
Сите членови на тоа големо семејство меѓусебно се однесувале како роднини, се грижеле и одговарале едни за други, а децата се сметале за браќа и сестри.
Јазикот на Чукчите
Чудна работа за јазикот на Чукчите е тоа што мажите и жените изговараат некои зборови поинаку. Жените користат звук „тс“ кога мажите користат „р“, бидејќи тој звук се смета за несоодветен за жените.
Тие имаат повеќе начини на кои велат „ирваси“. На кој начин ќе го изговорат зборот зависи од возраста, бојата, полот или природата на животното.
Русите им дале на Чукчите нов пишан јазик, но потоа ги натерле сите да зборуваат руски во училиште и сите информации биле достапни на руски, па тие морале да го научат за да се заштитат себеси од неволји.
Фолклор
Фолклорот на Чукчите вклучува приказни за создавањето на земјата, месечината, сонцето и ѕвездите, приказни за животните, анегдоти и шеги за глупавите луѓе, приказни за зли духови кои се одговорни за болестите и другите несреќи и приказни за шамани со натприродни моќи.
Чукчите исто така имаат многу легенди за античките битки меѓу нив и Коријаците и Ескимите.
Облека
Жените Чукчи традиционално носеле комбинезон до колена, направен од крзно од ирваси и лисици. Покрај ова, жените носеле и фустани од кожа од срна украсени со монистра, везови и крзно.
Мажите носеле широки кошули и панталони од слични материјали. Сите носеле високи чизми и кожна долна облека.
Детската облека се состоела од едноделна крзнена покривка со дупка меѓу нозете за лесно менување на мовот што служел како пелена.
Денешните Чукчи носат модерна облека како сите нас, освен за празници и други специјални пригоди.
Кујната на Чукчите
Чукчите јадат супа од крв, мозок и коскена срцевнина на ирвас.
Тарадиционалното јадење „рилкеил“ се прави од полу-варен стомак на ирвас измешан со крв, маснотии и парчиња варени црева од ирваси.
Денес нивната кујна е надополнета со конзервиран зеленчук и месо, леб и друга подготвена храна купена во продавници.
С. Ш. | Црнобело