Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите
Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале за браќа и сестри, забрането било да одбијат некој што бара храна и засолниште, а се хранеле со крв и органи од ирваси. Чукчи народот живеел во склад со бизарни обичаи кои и ден денес шокираат. Како изгледа нивниот живот денес?
Чукчите се древен арктички народ кој живее главно на полуостровот Чукчи или Чукотка и сочинуваат 27% од населението во Русија. Тие ја претставуваат втората по број нација по Русите.
Според резултатите од пописот на населението на Руската Федерација, во 2010 година имало 15.908 Чукчи. Додека на претходниот попис на населението во Русија во 2002 година попишани биле 15.767 Чукчи.
Чукчите кои живееле во внатрешноста на полуостровот Чукотка традиционално биле сточари и ловци на ирваси. Оние што живеле покрај бреговите на Арктичкиот Океан, Чукиското Море и Беринговото Море обично ловеле морски цицачи како фоки, китови, моржови и морски лавови.
Чукчите самите се нарекуваат „лигуо раветлуан“, што значи „вистински луѓе“, а името Чукотка го преведуваат како „Земјата во која живеат вистинските луѓе“.
Сепак, и на ова место се доселуваат дурги луѓе, главно од средиштето на Азија.
Во 1729 година, Русија започнала серија моќни воени кампањи против Чукчите. До 1760 година, руската влада одлучила дека трошоците за ослободување од Чукчите биле превисоки во однос на пари и војници.
Тие ја завршиле војната под услов Чукчите да престанат да ги напаѓаат руските доселеници и да почнат да го плаќаат годишниот данок што домородните Сибирци го плаќале во крзна.
Во 1930 година, Чукчите биле принудени да преминат во економски колективи под надзор на државата (групни населби каде нивната работа и плати биле контролирани од владата).
Чукотка стана регион на рудници и гулази (логори од Советскиот Сојуз). Апсењето на милиони советски граѓани во текот на 1930-тите создало потреба од изолирани области во кои ќе се градат затворски логори. Подоцна во советската ера, Чукчите биле чести субјекти на етничките стереотипи.
Тие се луѓе со големо срце
Поради суровата клима и тешкотиите на животот на тундра, гостопримството и великодушноста се високо ценети меѓу Чукчите.
Забрането е да се одбие некој што бара засолниште и храна, дури и на странец. Заеднички ги заштитуваат и обезбедуваат сирачињата, вдовиците и сиромашните.
Скржавоста се смета за најлоша карактерна особина што може да ја има една личност.
Бизарни обичаи
Семејствата составени од родители и вонбрачни деца кои живеат во еден дом кај нив е нормална појава. Сексуалната активност кај нив започнува пред бракот. Станување мајка пред брак е единственото нешто од што се срамат.
Статусот на жените во традиционалното општество Чукчи очигледно е инфериорен во однос на оној на мажите. Нивниот статус се подобрил во дваесеттиот век како резултат на советската политика за полова еднаквост, а жените од овој народ денес работат како администратори, учителки и лекари.
Ако семејството остане без хранител, односно таткото, за членовите понатаму треба да се грижи братот на таткото или некој од неговите најблиски роднини.
А тоа, меѓу другото, значи дека тој е должен да се ожени со вдовицата и да ги посвои нејзините деца.
Но, ова е само еден од брачните обичаи. Имено, за нив долго време групниот брак бил сосема нормална појава, па оженетите мажи си разменувале жени со пријатели и роднини.