„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во тешките денови
„Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе имаат грижи. Само, тие не дозволуваат овие мисли да ги сопрат“ – Т. Харв Екер.
„Нема многу да се грижите за туѓото мислење кога ќе сфатите колку ретко другите мислат на вас“ – Еленор Рузвелт.
„Најголемата грешка што можете да ја направите во животот е постојано да се плашите дека ќе направите грешка“ – Елберт Хубард.
„Најубавото нешто што можете да го носите на себе е вашата самодоверба“ – Блејк Лајвли.
„Самодовербата може да се научи, да се вежба, да се усоврши – како која било друга вештина. Штом ќе ја усовршите, целиот живот ќе ви се промени на подобро“ – Бери Девенпорт.
„Контролирајте ја вашата судбина или некој друг ќе почне да ја контролира“ – Џек Велш.
„Ако не побарате нешто, одговор секогаш ќе биде не“ – Нора Робертс.
Спирова С. | Црнобело