Факти за сумо борењето – Порано борачите биле слаби, не смеат да возат автомобил
И животот на судиите не е многу лесен
Судиите во сумо натпреварите се познати како gyoji. Тие почнуваат да се подготвуваат за својата професија уште од 16-годишна возраст.
Како играчите, и кај судиите има рангови кои се претставени со облеката што ја носат.
Највисокиот ранг може да го има само еден судија во цела Јапонија.
Судиите носат и меч кој, за среќа, денес не го користат.
Но, во минатото, од судиите се очекувало да извршат самоубиство со мечот доколку пресудат погрешно на натпревар.
Сумо борачите мораат да носат традиционална облека
Кога почнуваат со тренингот, сумо борачите мораат да ја пораснат својата коса, но и да се откажат од избирањето на нивната облека.
Секогаш кога се во јавност, тие мораат да носат традиционално јапонско кимоно. Истовремено, нивната коса мора да биде собрана во пунџа позната како chonmage.
Материјалот од којшто е изработено кимоното зависи од нивниот ранг. На пример, помалку искусните носат кимоно од тенок материјал, дури и во зима.
Сумо борачите не смеат да покажуваат емоции
Сумо борачите мораат да внимаваат и на нивото однесување. Од нив се очекува секогаш да зборуваат смирено и тивко.
На натпреварите, пак, не смеат да покажат радост ако победат, ниту разочарување ако изгубат.
Жените не смеат да бидат сумо борачи
Сумо е еден од ретките спортови кој забранува женски натпреварувачи.
Всушност, на жените им е забрането да влезат и во рингот бидејќи се верува дека со ова ќе го извалкаат.
Оваа дискриминација неретко е осудувана, особено во помодерно време.
Она што е најчудно е тоа што забраната е релативно нова.
На пример, до кај 18-тиот век во некои делови од Јапонија имало натпревари со жени.
Дел од натпреварите биле само за забава, но имало и жени сумо борачи кои имале важни улоги во ритуалите поврзани со сумо борењето.
Спирова С. | Црнобело