Дали се сеќавате на овие македонски инстант музички ѕвезди, кои „жареа и палеа“ на музичката сцена во 1990-те и 2000-те години?
90-те години беа екстремно плоден период за македонската поп музика. Постојано се појавуваа нови имиња на сцената, кои стануваа многу популарни благодарение на неколку хитови, на кои искрено се сеќаваме и до денес.
Песните ги пеевме сите, на секоја забава и во секој клуб. Многу повеќе се ценеше македонската музика во тоа време.
Направивме мала листа со музички групи и поединци, кои направија инстант кариера, без да објават многу песни.
Дали се сеќавате на овие македонски инстант музички звезди, кои „жареа и палеа“ на музичката сцена во 1990-те и 2000-те години? Дали се сеќавате на нивните хитови?
Група Ин - членки на групата беа Анита, Весна и Ирина
Божица
„Биди ин и твоја сум'
Мерсиха
„Само за нас“
„Знаеш дека знам“
Бани Мањани
„Како одамна да те знам“
Елена Цветковска
„Во очите пак ми спиеш ти“
https://www.youtube.com/watch?v=0cFL03UJZlc
„На дланка си ми линија“
„Јави се“
„Светло во ноќта“
Дени DSG (Даниела Спасовска Гошевска)
Даниела беше вистински синоним за инстант ѕвезда. Со само еден хит, остана запаметена засекогаш. Во минатото се испроба и како модел и како пејачка, а денес е бизнис жена, посветена на семејството, на сопругот, како и на своите деца Михаил и Мила, кои ја наследиле убнавината од мајка им.