Ја запознав најубавата жена (немаше ниту совршени заби, ниту најголеми гради)

Нема ниту најдолги нозе, ниту најистакнат задник, ниту совршени црти, но во секоја просторија нејзината енергија ја има најмногу. Каде и да се појави, таа доминира. Не е од оние ледените принцези кои како по јајца одат за да не ја расипат совршената фризура и кои внимаваат на секој потег и збор. Таа е луда бура која доаѓа, те зафаќа и убаво ти е...

ja-zapoznav-najubavata-zhena-nemashe-nitu-sovrsheni-zabi-nitu-najgolemi-gradi-01.jpg

Ја запознав најубавата жена досега.

И воопшто не ги задоволува општествените „стандарди за убавина“.

Ниту е доволно висока, ниту е доволно „надарена“ (како што би рекле некои мажи).

Но, е доволно ведра, доволно харизматична и доволно интелигентна.

Се смее како никој да не ја слуша,

Танцува како никој да не ја гледа,

Живее како да нема утре,

Ги гушка сите искрено и од срце,

Го почнува и го завршува денот со насмевка,

Му се радува на животот како дете,

На сонцето,

На паркот,

На патувањата,

На новиот приврзок за клуч...

Не ѝ треба неа многу за среќа,

Среќата е во неа,

Таа е среќата.

Зрачи убавина од неа.

Нема холивудска насмевка, ниту истетовирани веѓи, ниту надградби на коса, ниту вештачки нокти...

Нема ниту најдолги нозе и најистакнат задник, но во секоја просторија нејзината енергија ја има најмногу.

Каде и да се појави, таа доминира.

Каде и да помине, таа остава впечаток.

Кого и да запознае, останува незаборавена.

Луѓето некако природно и однатре нешто ги тера да минуваат време со неа.

Не е од оние ледените принцези кои како по јајца одат за да не ја расипат совршената фризура и кои внимаваат на секој потег и збор.

Таа е луда бура која доаѓа, те зафаќа и убаво ти е.

Таа е животна искра.

Таа е заразна страст за животот.

За мене, таа е најубавата жена што ја познавам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg