Се вљубувам во мојот сопруг повторно - кога слушам како другите зборуваат за него

И ќе подзаборавам на тоа колку всушност добар човек е. Но, тогаш ненадејно ќе слушнам како за него зборуваат колегите од работа, старата сосетка од 3-ти, чичко му, тетка ми... И тогаш се потсетувам дека се омажив за најдобриот човек што го познавам и горда сум.

se-vljubuvam-vo-mojot-soprug-povtorno-koga-slusham-kako-drugite-zboruvaat-za-nego-01.jpg

Јас знам дека тој е најдобриот човек што сум го запознала.

И знам дека за мене и срцето би го дал.

Знам дека се грижи секогаш да сум безбедна, секогаш да сум задоволна, секогаш да сум среќна.

Тоа ми е и повеќе од јасно. И го ценам премногу.

Си велам сопруг од рајот. Подобар не можев да изберам.

Добар човек. Човек со срце и душа.

Но, во човечката природа е да се навикне на работите и да почне да ги зема здраво за готово.

И ќе подзаборавам на тоа. Но, тогаш ненадејно ќе слушнам како за него зборуваат колегите од работа, старата сосетка од 3-ти, чичко му, тетка ми...

И тогаш се потсетувам дека се омажив за најдобриот човек што го познавам и горда сум.

Искрено, не сфаќам како може да биде толку добар со сите. Толку трпелив. Толку чист во односот со нив.

Но, потоа сфаќам дека тоа е во неговата природа. Дека тоа него не му причинува мака. Дека едноставно природно му доаѓа. Дека тоа е тој и таква му е душата.

Тој не ги премерува зборовите затоа што ретко кога има импулс да каже лошо или да осуди кого било.

Тој ретко размислува дали некој заслужува да му се направи некоја добрина затоа што едноставно верува дека сите луѓе го заслужуваат тоа.

Тој не ги потценува луѓето никогаш и секогаш фокус става на нивните квалитети.

И кога другите зборуваат за него, се потсетувам во што се вљубив.

Почнувам да го гледам со нивни очи и некако убаво ми е на душата.

Горда сум што така зборуваат за мојот сопруг.

Горда сум кога гледам колку искрено го сакаат.

И можеби јас сум ѕвездата во друштвото и срцето на забавата и енергијата која носи сѐ пред себе, но тој е суштината на животот – тој е прегратката која ти е неопходна, зборот кој ти е потребен, дозата светлина која ти ја враќа вербата во човештвото.

Го сакам затоа што го сака и колегата пред пензионирање и тетка ми и братучетка ми и секое живо суштество кое некогаш и некаде го запознало.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg