Неговото прво и последно ѕвездено небо, прегратките со дечиња – Моменти од последниот концерт на Тоше Проески, пред 15 години (фото+видео)

„Добра вечер Македонијо“ - поздравот со милозвучен глас кој ни ја гали душата и ни го ежи телото, моментот кога побара свое ѕвездено небо, несебичната љубов која им ја даваше на фановите со прегратки и допири по рацете кои ги подаваа по него, неверојатната енергија и среќа со која зрачеше додека пееше за последен пат пред публиката во Скопје... Моменти од последниот концерт на Тоше кои секогаш ќе ги паметиме. 

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-01.jpg

Поминаа цели 15 години од последниот концерт на Тоше Проески, кој се одржа на Градскиот стадион во Скопје на 5-ти октомври 2007 година, пред огромна публика. 

Само 11 дена подоцна, трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа, а болката по него никогаш не стивнува.

Хуманиот човек со огромно срце и ангелски глас, кој гордо нè претставуваше пред светот, никогаш нема да биде заборавен, а на овој ден, се потсетуваме не неговиот последен концерт, кој го одржа со посебна енергија која не се опишува со зборови. 

Оние кои беа присустни, засекогаш ќе го чуваат овој спомен во себе, а за среќа постои целосна снимка со која може да се потсетуваме на извонредниот концерт, кој истовремено ни ја топли душата, но и ни предизвикува болни искри во стомакот. 

Во продолжение истакнуваме неколку клучни моменти од последниот концерт на Тоше Проески: 

„Добра вечер Македонијо“ – извика громогласно на почетокот од концертот, со милозвучен глас кој ни ја гали душата и ни создава морници кога денес го слушаме.

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-02.jpg

Моментот кога посака следниот концерт за неколку години да биде со уште пополн стадион, но никогаш не стигна да си ја исполни желбата

„Како проаѓа времето и другите концерти сѐ поназад се повлекуваме со сцената. Се надевам дека на следниот концерт кој ќе се случи за неколку години, сцената ќе биде на крајот од стадионот. Да ви се заблагодарам на вас бидејќи вие сте најзаслужни вечерва за ова што се случува.“ – вака Тоше го започна својот трет концерт, но за жал не успеа да ја исполни својата желба, бидејќи само 11 дена подоцна трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-03.jpg

Уште еднаш покажа колку хуман човек е и на почетокот на концертот ја искористи приликата да најави дека станува збор за хуманитарен концерт

„Денес сме на мое огромно задоволство на трет концерт мој, а посебно ми е чест што е хуманитарен и тоа дел од кампањатa на УСАИД. Сите средства кои ќе бидат собрани вечерва од картите се ваша донација за обновување на училиштата основни во Република Македонија“.

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-04.jpg

Несебично им ја даваше својата љубов на фановите во први редови и секојпат со насмевка им подаваше рака

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-05.jpg

Секогаш беше преполн со љубов и разбирање за секого, па така на најмалите фанови секојпат им беше дозволено да се качат на бина, да добијат прегратка од него и да му подарат нешто

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-06.jpg

Не пропушти шанса да им се посвети на членовите на неговиот бенд и имаше повеќе точки со нив

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-07.jpg

Се воодушеви од тоа колку публиката на цел глас ги пееше песните од неговиот нов албум

„Просто е неверојатно за колку кратко време ги научивте текстовите. Морам да ви признаам дека јас се сомневам во себе кога се најновиот албум и текстови во прашање.“

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-08.jpg

Призна дека „Душа остана“ му била фаворит од песните на новиот албум до тој момент

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-09.jpg

Со неверојатна енергија ги отпеа најновите песни од албумот „Игри без граници“, танцуваше и зрачеше со среќа

negovoto-prvo-i-posledno-dzvezdeno-nebo-pregratkite-so-dechinja-momenti-od-posledniot-koncert-na-toshe-proeski-pred-15-godini-foto-video-10.jpg

Уште неколку моменти + целото видео од концертот, погледнете на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg