Мудра приказна за една уморна жена (и за тоа како си ја вратила среќата)

Си живеела еднаш една Уморна жена...

mudra-prikazna-za-edna-umorna-zhena-01.jpg

Секое утро откако ќе се разбудела Уморната жена се терала цел ден да работи и исцрпена одела на спиење. Не се сеќавала кога последен пат се чувствувала одморена, полна со сила и желба за живот.

И така било сè до мигот кога Сенката на Уморната жена одлучила да се оддели од неа. Тоа било на ден кога жената била крајно исцрпена.

Тогаш Сенката почнала да се одделува од неа, а жената ја молела:

„Те молам, врати ми се! Заминуваш, а со тебе заминува и целата моја сила.“

Сенката ѝ одговорила:

„Да, точно. Јас сум чувар на твојата енергија, но повеќе не можам да ти помогнам. Ја исцрпе целата своја сила, а не ја обновуваше. Се доведе себе до состојба на комплетна изнемоштеност. Добро размисли зошто ти се случи ова …“

„Без тебе ми е тешко да разберам. Те молам, помогни ми!“, ѝ рекла Уморната жена.

Сенката малку размислила, а потоа прифатила.

„Добро, но само под еден услов, а тоа е да поминеш три испити кои ќе ти ја вратат енергијата. Прифаќаш ли?“

„Се разбира!“

„Тогаш слушај: Прва задача е да се фокусираш на твоите раменици и грб. Ја чувствуваш ли неподносливата тежина?“

Уморната жена климнала со главата: „Како да не ја чувствувам? Со години носам тежок товар.“

„Тогаш препушти им го товарот на оние кои имаат сила да го поднесат. Врати им го на тие луѓе НИВНИОТ ЖИВОТ. Тоа се нивни лекции, нивни победи, тоа е нивен пат. Својот дел задржи го и почни да го живееш својот живот.“

На Уморната жена ѝ било многу тешко сама да си признае дека носи товар, кој воопшто не ѝ е наменет на неа.

Тој ѝ ја цицаше целата енергија, на себе го носеше товарот на проблемите на сопругот, на нејзините родители, на пријателките…

 Ги носеше нивните проблеми, неволји, тешкотии, се обидуваше да ги реши, но на сите им беше само полошо.

Сега е доста – нека секој од нив го живее својот живот. Уморната жена ги затвори очите, се сети на секој товар што го земаше на својот грб заради својата добрина и во мислите им го предаде.

Штом Уморната жена се ослободи од тој неподнослив товар, телефонот веднаш почна да ѝ ѕвони и сите од неа повторно бараа да го земе товарот.

Уморната жена исплашено ја погледна Сенката: „Што да правам, сите повторно сакаат да го носам нивниот товар?“

Сенката беше непоколеблива:

„Ако сакаш да бидеш здрава, ако сакаш тие луѓе да живеат исполнет живот, не жали за ништо и премини на вториот испит – да научиш да кажуваш „НЕ“ кога е потребно.

Жената кимна со главата, иако почувствува дека вториот испит ќе биде потежок и од првиот.

Жената кимна со главата, но во себе мислеше како да им каже не, што ќе мислат за неа, што ако ја отфрлат, што ако не ја сакаат веќе… Но, немаше каде и мораше да го направи тоа.

Па, кога пријателката ѝ се јави и бараше да заврши една нејзина работа, Уморната жена се правдаше и правдаше дека не може.

Сенката тивко ѝ се приближи и ѝ кажа:

„За да научиш да кажеш НЕ, прво треба да се откажеш од правдањето. Инаку луѓето ќе ја почувствуваат твојата несигурност и ќе продолжат да те убедуваат додека не се откажеш и не прифатиш да го земеш повторно нивниот товар.“

Жената кимна со главата и го заврши разговорот со пријателката со цврсто НЕ, иако во неа душата ѝ се кинеше.

Нормално, не ја разбраа сите Уморната жена. Некои навистина престанаа да ѝ се јавуваат (но, дали тие навистина ѝ беа пријатели?), некои се навредија (да, им требаше време да научат да го живеат својот живот и да го почитуваат туѓиот), а некои се помирија со тоа.

Сенката ѝ кажа:

„Дојде време за третиот и финален испит. По него, ќе ти се врати енергијата и желбата за живот. Испитот е да научиш да се одмораш. Да си дозволиш да се одмораш и за тоа треба да се соочиш со тоа што најмногу ти пречи – чувството на Вина.

Да престанеш во глава да ги вртиш гласовите од типот: Уморна си? Од што си уморна, Мора да работиш по цел ден, Во нашето семејство никој не бил мрзелив …“

Гласовите ѝ се вртеле во умот, но Уморната жена крикнала:

„Имам право на одмор! Ги тргам од себе сите забрани, отсега нема постојано само да работам. Не лежам затоа што сум мрзелива, туку затоа што закрепнувам за да бидам здрава, среќна и инспирирана за живот и создавање. А потоа ќе работам, но не затоа што сум должна, туку со љубов, радост и искрена желба.“

Тој монолог бил доволен за чувството на Вина да исчезне. Уморната жена сфатила дека постојано се трудела да биде добра за некого, што заборавила да биде добра за себе и да го живее својот живот во кој ќе одмора и ќе има свое мислење. И тогаш никој не бил среќен.

И кога настапила промената и на сцената дошла Одморената жена, таа сфатила дека никогаш не била посреќна.

Си приредила топла пенлива купка, а потоа со омилената книга си легнала во кревет. Уживала во спокојството, се воодушевувала на залезот на сонцето и мирисот на природата по дожд.

Сфатила дека срцето повторно ѝ бие и дека во неа се вратил животот, а со него и енергијата и здравјето и убавината и радоста и надежта и спокојот.

И сето тоа само затоа што Уморната жена си дозволила себеси да се одмори.

Извор

Би можело да ве интересира:

Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg