За 2 седи влакна во косата на жената - паника, за пивскиот стомак на мажот - нема гајле!
Изгледот на жената како секогаш да е под лупа...
Качила три килограми.
Преслаба е, коските ѝ се гледаат.
Леле, колку ѝ е неуредна фризурата.
Види ја не се офарбала, ѝ се гледаат седите влакна.
Ноктите не ѝ се средени, ѝ се излупил лакот на врвовите.
Чевлите ѝ се демоде.
Брчки има на лицето.
Не се нашминкала добро.
Премногу се нашминкала.
Се „наполнила со ботокс“, како восочна фигура.
Изгледа како баба.
Не изгледа како порано.
Да, така е. Жената живее, а животот се исцртува на нејзиното лице и тело.
Има некоја брчка плус, некој килограм плус и по некое седо влакно.
И тоа е сосема во ред.
Некогаш наоѓа време за вежбање, грижа и нега на себе, но понекогаш едноставно во трката со завршување на сите домашни и работни обврски не успева.
И тоа е сосема во ред.
Но, зошто секогаш, апсолутно секогаш, жената е таа што е на тапет?
Зошто некогаш не прокоментираме дека мажoт:
Пуштил пивски стомак.
Му паднала косата.
Има брчки.
Неуредна му е брадата.
Неисечени му се ноктите.
Престарен е.
Не изгледа како порано.
Зошто?
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело