Ја имав најлудата љубов во животот (и знаев дека не ми е за до крајот на животот)
На некои љубови не им е судено да траат...
Некои љубови се таква експлозија од емоции што долгорочно може да ве изгорат и да ви наштетат. Едноставно се неодржливи.
Зошто? Затоа што нема кој да ги балансира работите.
Затоа што двајцата сте исто луди.
Затоа што за двајцата животот е авантура.
Затоа што постои само овде и сега.
Но, и затоа што на оганот само искра се додава, а во животот потребно е некој да ви биде вода.
Да ве стабилизира кога горите од сопственото лудило.
Да ви каже кога е време да подигнете кочница.
Дури и да ве изиритира со монотониот пристап кон некои работи во животот, но потоа во себе да си кажете дека сте му благодарни што ви помогнал да ја изладите вашата вжештена глава.
А една таква голема љубов која гори сè пред себе мора да се има, имав и јас.
Но, јас за разлика од многумина знаев дека на таа не ѝ е судено да трае, дека не смее да трае, само треба да се консумира во мигот, да се изживее, за неа да се раскажува, на неа да се сетиш на сиво попладне и да се насмевнеш „под мустаќи“.
Таа една голема љубов е таа слатка авантура од младоста за која тивко и мистериозно се раскажува на внуците во староста.
Таа е онаа љубов која реално не ве направила подобар човек, но ви е поим за забава кога ќе се сетите на неа.
Што сè сте доживеале заедно, какви сè не глупости сте направиле и колку сте биле без памет, буквално.
Бурно, драматично, неповторливо, интензивно, моќно е премалку за да се опише таа љубовна приказна.
И сите имаме по една таква...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело