Ѝ благодарам на матичната докторка која ме прими на преглед со корона и ми беше достапна 24/7 – тоа е доктор!

Резултат од тест: Позитивна на корона. Исход: Поминав навистина лесно. Светла точка: Мојата матична докторка/односно докторки ќе кажам затоа што докторките од двете смени ги чувствувам како матични бидејќи исто ме третираа – прекрасно.

i-blagodaram-na-matichnata-doktorka-koja-me-primi-na-pregled-so-korona-i-mi-beshe-dostapna-24-7-toa-e-doktor-01.jpg

Во периодов додека боледував од корона се зачленив во некои Фејсбук групи на темата и што сè прочитав околу третманот од страна на некои матични доктори на корона пациенти бев запрепастена.

Нема да навлегувам во тоа, само ќе кажам дека тоа уште повеќе ме натера да ги ценам моите докторки.

i-blagodaram-na-matichnata-doktorka-koja-me-primi-na-pregled-so-korona-i-mi-beshe-dostapna-24-7-toa-e-doktor-03.jpg

Едната сталожена, со искуство и секогаш со конкретни корисни совети, другата млада, полетна, заинтересирана и ажурна околу моето здравје. Двете достапни 24/7 за мене телефонски, но и со отворена врата за преглед, двете ме примија без проблем.

Ми даваа чувство на сигурност.

Немаше простор за паника дека нема да бидам добро третирана. Едноставно, се чувствував сигурно во нивни раце. Знаев дека некој се грижи за моето здравје.

Секој еден од нивните совети ми помогна совршено во процесот на лекување.

Јасно ми посочуваа што од информациите до кои сум дошла е погрешно (нели сите читаме сè периодов) и искрено им верував на збор кога ќе ми кажеа кој ден е добро да се направи крвна слика и како да се постапува во текот на процесот.

i-blagodaram-na-matichnata-doktorka-koja-me-primi-na-pregled-so-korona-i-mi-beshe-dostapna-24-7-toa-e-doktor-02.jpg

Беа совршени во пристапот цело време – вистинска слика за идеален доктор.

Вистинска слика за човек кој ја сака професијата што ја работи и кој без разлика колку и да му е тешко е секогаш тука за да им се најде на своите пациенти.

Ниту се оградуваа од мене, ниту ме оставаа сама со недоумици.

Пријатни, достапни, ефикасни...

Не можам, а да не им кажам благодарам од срце.

Ако и вие имате ваков матичен доктор, кажете му го истото.

Во време на пандемија тие се крајно исцрпени и треба да знаат дека некој вистински го цени тоа што го прават. И дека јасно гледаме каков третман добиваме и колку се посветени на тоа што го работат.

За докторите кои се гордост на професијата...

Браво!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Најубавите пораки за 8 Март што можете да им ги испратите на жените во вашиот живот „Кога помислувам на силна жена, помислувам на тебе. Ти си мојот суперхерој кој с...
За син ми, кој нема ниту една година, а ме научи што е безусловна љубов – Ти благодарам! За тоа што уште немаш ниту една година, а за време на својот живот направи да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg