Утре може ќе ја нема, сакај ја денес

utre-mozhe-kje-ja-nema-sakaj-ja-denes-01.jpg

Цени ја како што заслужува да биде ценета,

Сакај ја како што посакува да биде сакана,

Посветувај ѝ внимание,

Одвојувај доволно време за неа,

Слушај ја внимателно кога зборува,

Прашај ја како е,

Прашај ја што сонува,

Прашај ја што посакува,

Прашај ја што ја плаши,

Прашај ја што ѝ прави убаво на душата.

Прегрни ја. Бакни ја. Утеши ја со збор.

Таа е вистинската знаеш и самиот.

Ниту имало. Ниту ќе има другa како неа.

utre-mozhe-kje-ja-nema-sakaj-ja-denes-02.jpg

Зошто не ѝ го кажеш тоа?

Зошто не ѝ кажеш дека целиот свет не ти вреди колку неа? Зошто не ја стиснеш колку што ја љубиш?

Онака коските да ѝ искрцкаат.

Зошто не ѝ велиш дека е убава?

Зошто не правиш да се чувствува посакувана?

Зошто не ѝ покажеш дека за тебе таа е единствената жена на светот?

Може за миг да се случи да ја снема.

И потоа ќе ти остане само каењето.

Ќе видиш колку всушност си празен без неа и колку таа била твоето сè.

Но, тогаш ќе биде предоцна.

Ќе биде предоцна да ѝ кажеш дека ја сакаш, цениш, почитуваш, обожаваш, дека ѝ се восхитуваш, дека ти е муза, мотивација, сила, потпора.

Не чекај да биде предоцна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Иван Наумовски за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Солзи сами капат, прости ми'“ „Се плашам да не ми се падне лото и да станам милионер“... Оперскиот пејач Иван ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg