Во редакција го пронајдовме споменарот Сара Кеј: „Јас сум шеќер, ти си мед, заедно сме сладолед“, се сеќавате ли?
Срцето ми вели дека тој е нај, ако ме сака ќе дојде на чај.
Пеперутке, брзо летни ми од рака и шепни му дека сè уште го сакам.
Познавам момчиња од секаква сорта, но ти си ми посладок од секаква торта.
Секој цвет ќе свене, само еден не, а цветот што не вене е споменот во мене.
Јас те сакам тебе, а ти гледаш друга. Е, нема да дозволам да ти бидам слуга.
Во љубовта понекогаш и се страда и се губи, но највеќе сепак страда тој што силно, силно љуби.
Не тагувај, најди утеха за себе, постои некој што те сака тебе.
Ако најдеш цвет што не му знаеш име, таков цвет се вика НЕ ЗАБОРАВИ МЕ!
Црвената роза отпаѓа, старата љубов пропаѓа, сега нова се бара, не важи љубовта стара.
Ни сите мои барбики, ни сите мои петки, не ми значат ништо, без твоите насмевки.
Одевме по патото по еден, па по друг, многу доцна сфативме дека беше круг.
Што затворам очи ликот твој го гледам, сè друго заборавам срцето го следам.
По среќа штом тргнеш, немој многу да иташ, брзо ќе се измориш и можеш да заскиташ.
Многу е тешко разделба да скриеш, срцето да плаче, а насмеан да бидеш.
Само едно срце имаш, тоа да го знаеш, да внимаваш треба добро, кому ќе го дадеш.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: С. С.
Би можело да ве интересира:



