Ех времиња! Си гледавме на кафе, на карти, врв беше да се игра Солитер на компјутер или Херкулес

Доаѓа лето, а со него и летниот распуст. Иако годинава немавме традиционална училишна настава, сепак учениците со душа чекаат да се тргнат од пред монитор или можеби не. Од играње на видеоигри во мрежа, комуникација на социјални мрежи, следење видеа на Youtube, следење на интернет портали...

Si-gledavme-na-kafe-na-karti-vozevme-rolerki-kako-go-tepavme-vremeto-koga-bevme-tinejdzeri-01.jpg

Се чини дека денешниве деца целото време го поминуваат пред компјутер.

Додека некои колеги сакаат да пишуваат за детството со какви играчки си игравме кога бевме мали и какви сладоледи имавме, јас се сеќавам на едно друго време – кога бевме малку поголеми – се чувствувавме возрасни за да си играме детски игри, а бевме мали за да излегуваме во град и да шетаме.

Немавме интернет – како го поминувавме времето?

Што е уште поинтересно, ова кога го зборам можеби на некои од вас ви се чини дека тоа време е премногу далечно и како да било пред сто години, а ако погледнеш, реалноста е дека поминале само 20-тина години оттогаш.

Si-gledavme-na-kafe-na-karti-vozevme-rolerki-kako-go-tepavme-vremeto-koga-bevme-tinejdzeri-02.jpg

Во тоа време имавме компјутери по дома, ама интернет немавме. Врв беше да се игра Солитер на компјутер или Херкулес. Повеќето имавме нинтендо. Ги игравме „супер-марио“, „Мортал - комбат“, а некои и целиот ден го поминуваа во играчници или како што популарно ги нарекувавме „флипери“.

Si-gledavme-na-kafe-na-karti-vozevme-rolerki-kako-go-tepavme-vremeto-koga-bevme-tinejdzeri-03.jpg

Но, не одеа сите во играчници. Во тоа време интернет имаше во главно по интернет кафулиња, па така ќе си платиш околу 100 денари и еден саат ќе си седиш на мирц.

Што е тоа мирц? Тоа е класичен денешен месинџер, ама немаше фотографии, немаше видео – имаше шарени букви на црна позадина и тоа беше тоа – може да збориш со некој многу повозрасен човек, а да ти се претстави како некој што е твоја генерација, ама не размислувавме за тоа.

Во тоа време интернетот, барем за нас, беше уште многу нова работа. Еј, врв беше да имаш меjл и да пишуваш писмо. Се сеќавам дека така комуницирав со пријателите што живееја далеку во тоа време – се допишувавме со писма. Прво преку пошта, а потоа и преку мејл.

Si-gledavme-na-kafe-na-karti-vozevme-rolerki-kako-go-tepavme-vremeto-koga-bevme-tinejdzeri-04.jpg

Како го тепавме времето кога идеше лето? Си гледавме на кафе, си гледавме на карти... Во тоа време се сеќавам дека знаев преку 20 начини на гледање на карти. Лесно беше: замисли желба, пресечи шпил и ќе ти кажам дали ќе ти се исполни желбата... Или замисли си го симпатијата и ќе ти кажам дали те сака...

Возевме велосипеди и ролерки. Најхит беше некој да вози велосипед и да те влече со ролерки. Колку ли само пати сум си отишла дома со здробени коленици од тоа време. Ама други беа времињата – ќе те измијат со вода, ќе ти стават малку јод на колената и ништо не ти е – ќе ти помине како на кутре!

Модните икони во тоа време беа популарните поп-ѕвезди што ги гледавме на телевизија. Се разменувавме со музика на касети. Разменувавме списанија. Немавме апликации за да ни кажат што слушаме. Немавме интернет за да читаме модни совети – ги вадевме од списанија.

Si-gledavme-na-kafe-na-karti-vozevme-rolerki-kako-go-tepavme-vremeto-koga-bevme-tinejdzeri-06.jpg

И да, за крај – најубавиот спомен – правевме споменари и лексикони. Тетратки со околу 20 –тина прашања во кои ни се потпишуваа другарките и другарите. Бевме креативни, сечевме слики од стари списанија, постери, пишувавме „споменарки“...

Не бевме по цел ден пред монитор, а некако се си мислам дека бевме многу посреќни. Некако како да немавме ништо, а имавме сè. Знаевме секогаш да најдеме да правиме нешто интересно за да ни помине времето. Денешните деца како да не знаат што да прават со себеси ако пред нив нема монитор, како да се навикнале на интернет комуникација и тоа е тоа.

Но, не - не сум носталгична и не жалам за тоа што времињата се менуваат – светот оди напред, а со тоа логично е да има напредок, но во колкава мера тој напредок ќе донесе добро или лошо, тоа ќе биде прашање за некои идни генерации.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар дру... „Како мал имам паднато на остар камен, директно во чело. Кога станав, истиот ми ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg