Писмо до жената што секогаш се става себеси на последно место

„Не јадам кога сум гладна, наместо тоа мијам чинии, им помагам на децата со учењето, чистам. Немам време за кафе со другарките, затоа што ако отидам чувствувам вина, мислам дека сум себична...“

pismo-do-zhenata-shto-sekogash-se-stava-sebesi-na-posledno-mesto-01.jpg

Здраво, пријателке. Како си? Уморна? Истоштена? Преоптоварена? Како да се давиш и нема излез?

Те сфаќам. Те разбирам. Тука сум покрај тебе. Двете се мачиме да дојдеме до здив.

И тоа ни се случува затоа што не можеме да престанеме да даваме. Ние секогаш мислиме на другите, а себе се ставаме на последно место.

Нашата добрина е за пофалба, но е меч со две острици. Нашите денови секогаш се напорни, преполни со обврски, листата на приоритети ни е хаотична.

Не јадам кога сум гладна, наместо тоа мијам чинии, им помагам на децата со учењето, чистам. Немам време за кафе со другарките, затоа што ако отидам чувствувам вина. Мислата да минам време за своја сатисфакција ми звучи себично.

pismo-do-zhenata-shto-sekogash-se-stava-sebesi-na-posledno-mesto-05.jpg

И во поголемиот дел од деновите немам време ни да се истуширам, дури и моите основни потреби се ставени во втор план. Зошто? Затоа што и јас како тебе, сум зафатена, презафатена.

Јас закажувам докторски прегледи за целото семејство, јас готвам, чистам, се грижам за буџетот, работам, плаќам сметки и сум сопруга, мајка, ќерка, сестра, пријател и вработена и сите овие улоги ги сфаќам многу сериозно.

Немам време за себе.

pismo-do-zhenata-shto-sekogash-se-stava-sebesi-na-posledno-mesto-06.jpg

И можам да живеам така, само моите сакани да се задоволни. Но, лошо е што покрај моите физички потреби, како долго туширање на раат, јас ги игнорирам и моите емоционални потреби, оние кои ја полнат душата.

Поради мојот карактер, јас не се спортивставувам на другите, не се карам со нив, избегнувам конфронтации затоа што мислам дека мојот глас не е важен. Кријам како се чувствувам. Ги запоставувам моите мисли и емоции. Константно носам маска.

Останувам дури и со личности кои ме повредуваат затоа што сум исплашена за да си заминам. Се ставам на последно место. И ова е проблематично. Ова е опасно.

pismo-do-zhenata-shto-sekogash-se-stava-sebesi-na-posledno-mesto-04.jpg

Па, што да правиме ние емпатите, кои даваме сѐ за другите? Како себе да се ставиме како приоритет? Што треба да промениме?

Треба да ги промениме нашите умови и однесување.

Се разбира, полесно е да се каже отколку да се направи. Предолго ги носевме сите обврски на свои раменици и сега сите се зависни од нас. Сите го очекуваат нашето време, присуство, помош. Сите мислат дека е нормално да работиме постојано, дека се наши шефови.

pismo-do-zhenata-shto-sekogash-se-stava-sebesi-na-posledno-mesto-03.jpg

Но, мора да поставиме граници, сами или со помош на терапевт. Мора во календарот да имаме 15 минути за да испиеме кафе на раат, да прошетаме, да дишеме или да плачеме.

Мора да вежбаме да кажуваме „не“, иако тоа ќе ни биде најтешко. Има нешто внатре во нас што нѐ тера да ги задоволуваме другите.

Не ме сфаќајте погрешно, не велам да станете негативци или себични и да живеете со став „не ми е грижа за другите“, велам да се грижите за себе. Да се фокусирате на вашите желби и потреби.

Ви велам дека е во ред да се сакате себеси и да си го дадете времето кое вистински го заслужувате.

Извор / Фото: depositphotos

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg