Не можеш да имаш здрава врска ако не те пушта на кафе со другарките

Не можеш да имаш здрава врска ако со носталгија се сеќаваш каков живот имаше пред него. Не можеш да имаш здрава врска ако тој те стави во кафез.

ne-mozesh-da-imash-zdrava-vrska-ako-ne-te-pushta-na-kafe-so-drugarkite-01.jpg

Не можеш да имаш здрава врска ако тој те стави во кафез.

Не можеш да имаш здрава врска ако не те пушта на кафе со другарките,

Не можеш да имаш здрава врска ако сака извештај каде си со кого си и зошто си, во секој миг од денот,

Не можеш да имаш здрава врска ако смета дека може да ти забранува работи,

Не можеш да имаш здрава врска ако мисли дека има за право да ти диктира како да живееш.

Не можеш да имаш здрава врска ако те суди затоа што си одвоила ден за себе,

Не можеш да имаш здрава врска ако енергетски те цица,

Не можеш да имаш здрава врска ако се гушиш од тоа колку е присутен во твојот живот,

Не можеш да имаш здрава врска ако ти создава несоница од тоа колку доминира со својот живот,

Не можеш да имаш здрава врска ако со него и поради него не можеш да бидеш тоа што си,

Не можеш да имаш здрава врска ако постојано мислиш како да не го налутиш,

Не можеш да имаш здрава врска ако постојано внимаваш со збор да не го навредиш,

Не можеш да имаш здрава врска ако врската со него ти е како одење по јајца,

Не можеш да имаш здрава врска ако наутро треба да проценуваш на која нога е станат,

Не можеш да имаш здрава врска ако се плашиш да му кажеш да ти исполни некоја желба,

Не можеш да имаш здрава врска ако сѐ се врти околу него, а ништо околу тебе,

Не можеш да имаш здрава врска ако тој е центарот на светот, а ти се предодредена за му служиш,

Не можеш да имаш здрава врска ако со носталгија се сеќаваш каков живот имаше пред него,

Не можеш да имаш здрава врска ако ти недостига релаксираноста од твоето секојдневие порано,

Не можеш да имаш здрава врска ако ти фалат луѓе, настани, мигови кои си ги имала порано,

ne-mozesh-da-imash-zdrava-vrska-ako-ne-te-pushta-na-kafe-so-drugarkite-02.jpg

Не можеш да имаш здрава врска ако чувствуваш дека со него живееш живот по правила,

Не можеш да имаш здрава врска ако љубовта ти причинува болка,

Не можеш да имаш здрава врска ако не си задоволна од тоа како живееш,

Не можеш да имаш здрава врска ако чувствуваш дека не си среќна,

Не можеш да имаш здрава врска ако сметаш дека даваш премногу, а добиваш премалку,

Не можеш да имаш здрава врска со човек што не знае да те сака.

Во здрава врска луѓето цветаат и стануваат подобра верзија од себе, некој ти го чува грбот некој те поддржува да леташ во секоја сфера од животот. Некој ти дава слобода да бидеш вистинската ти. Некој те сака таква каква што си. Некој те смета за личност што е бесценета, а не за свое сопствеништво врз кое може да се изживува.

Бегај ако немаш таков маж крај себе, подобро во никаква врска, отколку во нездрава врска, запомни!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg