Разведената жена во Македонија е „лепрозна“, разведениот маж ќе се прежени за 3 дена

Razvedenata-zena-vo-Makedonija-e-leprozna-01.jpg

„Запознав многу убава жена, пријатна, воспитана, начитана, успешна… мислам дека многу убаво ќе си одговараме… ама има еден проблем“.

А кој е проблемот, прашувам?

- „Разведена е“.

Готово, тука е крајот на светот. Нема да е сиромаштијата, пандемијата или загадувањето на планетата. Крајот на светот го носат разведените жени. 2021 дојде во Македонија, ама не и разумот. За него ќе си почекаме.

Како може вакви работи да ве делат од потенцијална љубов, добра врска и иднина со некого? Животот е така краток, уште не може да се ослободиме од стравот што ќе кажат другите. Ништо нема да кажат. Гајле им е на другите за вас. А и да кажат, не треба да ви е битно. Ќе им помине за 3 дена. Како планирате „другите“ да ви го кројат животот и среќата?

Во Македонија, разведената жена сè уште се третира како лепрозна. Како да е (само) нејзина вина што бракот се распаднал. На сета болка и мака што ја поминала, траумите продолжуваат да се напластуваат со дополнително озборување, понижување и покажување со прст. Како да се има некоја вродена омраза кон овие жени. Особено кон оние што се и самохрани мајки.

Е, тие се вечната болка на ова општество. Тие, недомаќинките. Тие, што им мрдало опавчето. Тие, што скитаат и не се прибираат и оставаат дете на чување кај баба и дедо. Тие, незадоволните, тие фрустрираните, тие што барале „преку леб погача“.

И сите им ја знаат „дијагнозата“. А никој не ги прашал како се, како се снаоѓаат во животот и им треба ли помош.

За мажот пак нема мака. Тој како да станува уште попривлечен и уште попожелен. Нека е разведен и 3 пати, тој си останува „на цена“. Ќе нема мака да се прежени и да си создаде и ново семејство.

За него има многу шанси. За разведената жена речиси ниту една. Тој е шармер и има харизма. Таа е недомаќинка и лепрозна.

Поради ваквите осуди понекогаш ми се гади од општеството. И се прашувам – до кога ќе го диктираат темпото оние што имаат вакви заостанати размислувања? Дека разведената жена е непожелна, „потрошена роба“, недостојна за втора шанса, нова љубов и среќна иднина? И имате ли вие луѓе воопшто деца? Размислете, да не случајно вашето дете во иднина носи етикета „разведена“… и како вие ќе се чувствувате во врска со тоа?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело  

Би можело да ве интересира:

И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg