Заминете навреме...

Заминете навреме, од вашата куќа, дури и ако во неа нема никој, од досадната забава, од пропаднатата врска и лошите навики.

zaminete-na-vreme.jpeg

Заминете навреме од депресијата и мрачните мисли, од болните спомени, од негативните луѓе или од луѓето кои ви ја одземаат сета енергија.

Заминете навреме. Не оставајте длабоки лузни на сопствениот живот, не ја заразувајте својата душа со вирусот на вина – чувство кое со неверојатен ентузијазам ве отфрла од вашиот живот и од вас самите.

Ценете го вашиот живот повеќе од тоа што го ценат другите. Заминете навреме ако некој го стави неговиот живот над вашиот, сфатете дека вие сте одговорни прво за вашиот, а потоа за нечиј друг живот.

Никој не дошол на овој свет како жртва. Животот не бара вие да се жртвувате себеси и вашата способност да сакате.

Многу е лесно да се изгубите себеси, да се претворите во нешто друго, да живеете нечиј друг живот, во некој друг свет, во некаква друга реалност.

Да се пронајдете себеси – тоа е навистина тешко.

Бидејќи, ние самите сме единствени кои можеме да измериме кои сме навистина ние. Бидејќи секогаш кога се жртвувате, вие автоматски не добивате повеќе сила, туку напротив, ја губите и таа што ја имате.

Научете да заминете навреме од најразлични животни околности и ситуации. Секогаш ќе знаете да ги препознаете таквите моменти, само верувајте си себеси, на вашата интуиција и не се залажувајте ниту себе ниту другите.

Сè она што се случува во нашиот живот, околу нас, се случува со наша дозвола. Ние сме дозволиле нашиот живот да биде таков каков што е.

Ние сме дозволиле сивилото да доминира во нашиот живот, ние сме дозволиле стравот да стане дел од нас, ние сме си дозволиле да станеме „аутсајдери“ во сопствениот живот.

Погледнете околу себе, можеби дошло време да си заминете од сè што ве опкружува.

Потребна е огромна сила да го оставите сето она кое сте го проживеале и едноставно да заминете. Навистина е тешко да се замине, но понекогаш тоа е неопходно.

Заминете навреме од опсесивните илузии и наметнатите стравови, но и понатаму продолжете да сонувате, да се обидувате... Не плашете се од грешките – секоја од нив е доказ дека сте се обиделе.

Не плашете се од реакциите на другите луѓе, бидејќи вие секако не знаете што ќе ви донесе иднината и дали вашата сегашна одлука е точна или погрешна. Но, сепак ќе знаете кога ќе дојде време да си заминете.

Токму така, да си заминете и да продолжите понатаму.

Сите го знаеме чувството кога ни недостасува нешто кое сакаме да го имаме, кога нешто не сме добиле, а толку многу сме го очекувале.

Но, речиси никогаш не размислуваме за тоа, бидејќи нè увериле дека тоа е нешто безвредно или неважно.

Вистината е едноставна: сè доаѓа во свое време, дури и чудата. Затоа заминете си навреме и не задржувајте никого. Бидејќи, ако се воздржувате, сценариото на животот ќе се промени, а сето тоа ќе биде на ваша штета.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg