Како изгледаше детството пред да станеме зависни од паметната технологија?
Ако денес единствениот начин да ги задржите децата мирни е да им дадете да играат на таблет или мобилен телефон, порано нештата беа сосема поинакви.
Некогаш најголемата среќа беше да се помине денот во двор, на улица, во парк, заедно со другарчињата правејќи ги најголемите палавштини кои возрасните не можат ни да ги замислат.
Секако, секое вирче стануваше одлично место за вежбање скок во далечина, калта одличен материјал за градба, а куповите суви лисја совршен душек врз кого можете да скокнете (или да ве фрла тато кога мама не гледа).
После сите вакви активности не е чудо да се вратите дома целите во кал и прав како да сте биле на патување низ шуми кое траело со години.
Следните 10 фотки ќе ја разбудат носталгијата на секој кој имал вакво детство и барем за момент ќе ве потсетат што некогаш значеше да бидеш дете.
М. С. | Црнобело