Носталгија по едно убаво време - Цртаните од нашето детство
Мечето Ушко
Можете ли да погодите од каде е мечетп Ушко? Од Полска. Неговата утринска и вечерна рутина ни е врежана во спомените, како и приспивната мелодија. Во оригинал оди вака:
„Pora na dobranoc, bo już księżyc świeci. Dzieci lubią misie, misie lubią dzieci“. И да, не е дека само Пепе ги сака бисерите и тие го сакаат него, бидејќи преводот на мелодијата гласи: „Дечињата ги сакаат мечињата и мечињата ги сакаат дечињата“.
Микроби
Микроби бил многу популарен цртан, за што сведочи и високата оценка на Imdb. Овој унгарски цртан серијал се снимал од 1975 до 1977 година и брои 2 сезони со вкупно 13 епизоди. Роботот Микроби има 3 нозе и 4 очи, а од сите дечиња најмногу го сака Пепе. Пепе и бисерите е епизодата која ја обожававме, со добра причина.
Јајо и Пајо
Јајо и Пајо водат потекло од држава која повеќе не постои, односно Чехословачка. Заедно со дедото Лебед и нивниот пријател пензионираниот морнар, уживавме во нивните авантури и апсолутно никој не навиваше за алчниот бакал Крковичка.
Калимеро
Единственото црно пиленце во фамилијата жолти пилиња, сиротко и беспомошно, она за кое никогаш „Нема правда“, е можеби најстариот од сите овие цртани, бидејќи премиерата ја доживеал во далечната 1962 година во едно италијанско шоу. Продукцијата на Калимеро е мешана, односно за неговата реализација биле вклучени италијански, јапонски, француски, англиски и холандски креатори и уметници.
Веселите грашковци
Сликата како Буцко се мачи да излезе од слаткарницата на Соња ќе ме прогонува засекогаш. Лошко и Пиратот како олицетворение на негативните ликови во овој зелен весел цртан кој исто како „Микроби“ брои вкупно 13 епизоди. Британската тв анимирана серија започнала да се прикажува во 1989 година на BBC1.
(О)Милена | Црнобело