9 правила по кои живеат силните жени

Опкружувањето во кое живееме наметнува огромни задачи и очекувања на жените - тие мора да бидат успешни мајки, сопруги, ќерки, пријателки, шефови...

9-pravila-po-koi-ziveat-silnite-zeni-1.jpg

Токму овие очекувања се оние кои ја прават жената несреќна, па трудејќи се да ги задоволи туѓите барања, заборава на сопствената среќа.

За да се затвори овој бесконечен круг, Јулија Свијаш има генијална идеја.

Таа споделува 9 правила по кои живеат само силните и среќни жени, а од денес може да ви го променат начинот на кој живеете и вие:

1. Силната жена не ја брка среќата

Достигнувањето на среќата за неа е најпопуларната, но и најглупавата работа. Сите ние трчаме - за подобро утре, за подобра следна година, за подобра иднина. Среќната жена не го практикува овој спорт. Таа живее за сегашниот момент.

2. Сегашноста е најинтересниот и најважен дел од животот

Секако, има планови за иднината, но не чека до утре за да направи нешто. Таа знае дека „кога ќе изгубам неколку килограми“ и „кога ќе дојде совршениот маж“ не значат ама баш ништо и не се причина да си го троши животот.

3. Знае дека да се биде жена е привилегија

Таа е среќна и задоволна што се родила како жена. Женственоста која и е дадена ја смета за дарба. Силната и среќна жена го дели феминизмот на два начини - внатрешен (емоции, чувства и мисли) и надворешен (тело, облека, манири).

4. Таа живее по сопствено темпо

Кога е време да го забави темпото, ужива во тоа. Кога треба да забрза и да биде динамична, нема време за трошење. Вистински среќната жена знае сама да си ја одреди брзината со која живее. Така никогаш не го губи апетитот за живот.

5. Таа е свој број 1

Тоа не значи дека е индиферентна, себична и нечувствителна, само знае дека нејзиниот живот вреди толку колку што самата го почитува. Никогаш не заборава дека личниот простор е богатство. Таа никогаш не вели „да“, ако срцето и вели „не“.

6. Таа нема листа на задачи со која се фали

Секое девојче во детството има листа на задачи и цели со која се фали на родителите, учителките, пријателите и блиските. И повеќето жени остануваат верни на тие листи и се трудат да ги пречкртаат сите задачи пред 30-та или 40-та година. Вистинската жена нема ваква листа затоа што не сака да се ограничува и означува себеси како „сингл или мажена“, „успешна или неуспешна“...

Вистински среќната и силна жена има животни цели, но не по стандардите кои општеството ги очекува од неа.

7. Таа го има надраснато мислењето дека треба да биде „добра девојка“

Вистински среќната жена знае дека не секогаш може да биде „добра“ и да ги задоволи сите барања. Добрата девојка живее по принципот „треба или не треба“, а среќната и силна жена не сака да се ограничува по него. Таа одредува што ќе направи по принципот „што сакам, а што не сакам.“

8. Самотијата е подарок за неа

Жената која е силна и среќна знае како да биде сама со себе, без да има потреба од „просечни“ луѓе колку да ја пополни тишината.

9. Си ги сака годините. Секогаш.

Вистински силната жена никогаш не мисли дека за да направи нешто во 20-тите или 60-тите, можеби е прерано или предоцна. За неа ваквиот изговор е недоволна желба. Силната жена може сè и на секоја возраст.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg