Кратка поучна приказна - Што значи да се биде лаком?

Сите некогаш сме се затекнале во близина на лакоми и ненаситни луѓе. Тоа се оние кои први се грабаат на шведската маса, што би се рекло, без срам и усул, оние кои се туркаат низ толпата народ, како да ќе нема утре, ако не каснат уште едно саламче. Тоа се сите оние кои се однесуваат како животот да им зависи од таа лажица салата или тоа парче торта.

Kratka-poucna-prikazna-sto-znaci-da-se-bide-lakom-01.jpg

Ќе се согласиме дека тоа е врвот на некултурното однесување. Не е важно дали ти се пие или ти се јаде, дали е културно и каков впечаток оставаш.

Окото е секогаш ненаситно, стомакот – вреќа без дно.

Што е всушност лакомост?

Да речеме, дека секој ден имаш чинија со 20 бонбони. И секој нареден ден, ти ја ставаат истата чинија пред тебе, со нови 20 бонбони. Секој ден, истата чинија, со нови 20 бонбони, до крајот на животот.

Тој што секој ден ги собира сите 20, знаејќи дека утре нема да му избегаат новите 20, и така секој ден... А трагедијата е што воопшто не јаде бонбони.

Е таквиот човек - е лаком човек.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Заштити ја сопругата и поддржувај ја – направи да се чувствува сакано Заштити си ја сопругата. Треба да бидеш нејзин партнер, нејзина доверлива личнос...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
„Ќе дојде тетка ти од Србија, ти бриши ги прозорците, заедно ќе го исчистиме фрижидерот“ Ние како и секоја нормална македонска фамилија, ја исчистивме куќата, се искарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg