Зошто факултетот е животна школа?

Кон крајот на моето средно образование, добив брилијантна идеја дека не треба да се запишувам веднаш на факултет. Сакав да паузирам минимум една година, можеби да поработам некоја работа и добро да размислам во која насока ќе продолжи да се одвива мојот живот...

Zosto_treba_da_odime_na_fakultet.jpg

Тоа секако не доаѓаше предвид. Моите родители веројатно имаа потајна желба да ме стрелаат поради овие „бесмислени детски идеи“. Ме советуваа помалку да летам со паметот, за да не летнам надвор на улица и дека факултетот е задолжителна порција, што јас има лакомо да ја изџвакам.

И така и се случи. Се запишав на факултет.

Од оваа временска дистанца, не знам дали доколку го следев мојот првичен план, истиот ќе резултираше во успех или вистинска катастрофа, но еве што научив во меѓувреме. Научив дека апсолутно е пожелно и полезно да се оди на факултет.

Факултетот ќе го извлече најлошото од вас. Ќе ве стави буквално на тест. Вашите нерви, вашата снаодливост. Ќе ве дочека со минимум 6 уплатници, од кои 2 нема никогаш да дознаете зошто ги уплаќате. Ќе ве потрупаат со предавања, задолжителни и изборни предмети. Нема да знаете дали попрво да спиете, да јадете или да средувате белешки. На крајот ќе решите да останете цел ден на факултет, затоа што тоа е најумната одлука што може да ја донесете. Кафето од автомат ќе ви стане најдобар сојузник.

Ќе се нервирате, ќе го повишите гласот, особено кога поставувате некое важно прашање на отсекот за студентски прашања, кој понекогаш магично се претвора во отсек за реторички прашања и функционира според методот: Сам си прашуваш, сам си одговараш.

Факултетот ќе го извлече најдоброто од вас. Ќе успеете да воспоставите ред во хаосот. Ќе се зачудите сами од себе колку сте всушност способни. Од сето ментално страдање, стрес и ненаспаност, ќе се искали самостоен и снаодлив карактер. Конечно ќе дознаете каде точно се наоѓа Македонски Брод или Пехчево, благодарение на вашите колеги и колешки. Ќе ги слушнете сите можни дијалекти и ќе сфатите колку е богат нашиот јазик. Ќе ги поделите последните пари со колегата за кафе и цигари. Ќе научите да делите работи и да давате помош. Ќе се вљубите, и одљубите. Минимум 3 пати.

Пред вас ќе се отвори цел еден нов свет, а вие алчно ќе сакате да стигнете секаде. На секоја забава, на секое кафе со колегите, на сите закажани средби за повторување на материјалот во читалната. Ќе образувате доживотни пријателства.  Многу веројатно е дека ќе научите да размислувате со сопствената глава.

Факултетот ќе ве направи подобар човек. Да, крајната цел на факултетот не е само да ве научи на она што го пишува во скриптите. Факултетот не се шестките или десетките во индексот. Факултетот е школо на животот. Ќе ве натера да размислувате, да реагирате на неправди, но и понизно да замолчите кога тоа е нормалната реакција на ситуацијата. Одреден број на професори ќе ве инспирираат. Ќе научите многу за себе, ќе откриете дека ве интересираат работи за кои порано не сте ни помислувале.

Факултетот е цел еден универзум. Тој е далеку од совршен, но со сигурност ќе ве обликува онака, како што тоа нема да го стори ниту едно друго искуство.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов и дел од естрадата: Како звучи „Магија“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Магија“ тоа звучи супер...
Мамо, гушкај ме почесто, те молам Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога грешам и потфрлам. Не ме казнува...
Заштити ја сопругата и поддржувај ја – направи да се чувствува сакано Заштити си ја сопругата. Треба да бидеш нејзин партнер, нејзина доверлива личнос...
5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Не можам да си ја видам Битола од смог и чад - пропаднала во тешката смеса од сулфур и согорени пла... Баба ми ги перела алиштата, видела малку сонце, па ги извадила надвор да се исуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg