Писмата во старата кутија кои сведочеа за една безвременска љубов

Беше сабота наутро, го пакував ранецот, подготвувајќи се за долг и опуштен викенд во викендичката на планина. Влегов во автомобилот, го завртев клучот и започна мојата авантура за полнење на батериите. На радио одеше меланхолична песна која ме опушташе, како сето тоа да беше најава за еден спектакуларен филм, викендот на еден обичен смртник.

pismata-vo-starata-kutija-koi-svedocea-za-edna-bezvremenska-ljubov-01

Влегов во викендичката која дедо ми ја изгради со многу љубов, со целата своја страст, ја вложи секоја идеја, секое знаење, сè она што го научил во своето долгогодишно искуство за да создаде една прекрасна, јас ја нарекував кутија, со еден фантастичен поглед на езерото. Беше гламурозна и фасцинантна.

Влегов внатре и како по обичај наточив вино од малата бочка која стоеше во тесната кујна. Седнав на трпезариската маса и низ прозорецот го гледав езерото кое немирно се брануваше во далечината. Размислував за многу работи и полека моите мисли исчезнуваа во далечината заедно со брановите на прекрасниот поглед.

Без да забележам се стемни. Немаше телевизија, ниту телефон, не фаќаше ниту интернет. Тоа беше желбата на дедо ми, секогаш кога ќе почувствуваме потреба за изолација да имаме катче каде да си ја смириме душата. Се прашував што ли ќе правам цела вечер.

Отидов до спалната и се истегнав на рачно изработениот дрвен кревет, ги соблеков чевлите и не сакајќи, во намера да ги пикнам под креветот погодив нешто дрвено. Се наведнав и тоа беше дрвена кутија со катинар, но за моја среќа катинарот не беше убаво затворен. Ја отворив, со огромна желба да откријам што се крие внатре.

Пишуваше од мојата една и единствена, Ана, тоа беше името на баба ми...

Почнав да ги отворам писмо по писмо, во нив постоеја реченици од кои би се поместила земјата, имаше чувства кои не можев ниту сам да ги опишам. Никогаш не мислев дека таква искрена љубов може да постои. Никогаш не мислев дека баба ми и дедо ми делеле таква взаемна врска.

„Далечината е само еден дел од нашето познанство. Можеби немам многу за да стигнам до тебе, но ќе преминам пеш, ќе допливам, ќе прескокнам...

Ќе направам сè за да бидам крај тебе. Мојата тенка снага го бара твоето силно машко рамо. Мојот живот го повикува твојот за заедно да се изгубиме во сите неразумни мисли на овој свет. Твојот допир како вечен печат остана врежан за моето срце.

Побарај ме кога сите ќе ги затворат своите очи, насмевни се за да ја почувствувам топлината на утринското сонце, потсети ме зошто сум жива. Дај ми смисла повторно да живеам. Побарај ме, ќе те чекам...“

Додека читав заборавив на времето, се внесов во нивните искрени зборови за една љубов која ја одржувале преку хартија на која буквално ја распнувале својата душа. Беше тоа една перверзна колекција на емоции. Разголување на сопственото јас пред оној кој посакуваш да ти биде сѐ.

Писмо по писмо, ред по ред, буква по буква откривав дека на овој свет постојат вистински и искрени чувства.

Ги замислував колку млади, колку неискусни, а колку биле желни за заеднички успех. Фактот дека беа повеќе од педесет години во брак само ми носеше солзи на очите, сведочејќи дека вистинската љубов постои. Нивната безвременска љубов за која сведочеа писмата во старата дрвена кутија. Не барав објаснување, беше скоро утро. Поминала цела вечер во тој роман зачуван со години, во таа тајна која ја открив случајно.

Легнав на креветот со помислата дека луѓето се оние кои ги прават нештата нереални, љубовта постои и може да опстојува формирајќи чуда. Но, дали сме способни да сакаме со цело срце, без да размислуваме, без да очекуваме, без да посакуваме други работи од оној кој стои до нас, различни од искрени емоции?

 Вистинската љубов постои, но дали ние сме вистински?

Паднав во длабок сон, сонувајќи една волшебна, љубовна приказна...

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 важни животни лекции со кои ќе го најдете својот секојдневен мир Престанете да верувате дека социјалните мрежи ја одредуваат вашата вредност како...
„Немаме култура – ни во маркет, ни во јавен тоалет“ Можеби повеќе од апсурдно е да се зборува за тоа како треба вистински да се одне...
„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...
Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg