Работи на кои училиштето не ме научи

Географија, физика, историја, хемија и досадната математика се предмети кои делумно имаат влијание врз нашиот живот како возрасни.

raboti-na-koi-ucilisteto-ne-me-nauci-2

Со текот на времето, додека растеме сфаќаме училиштето не само што нема големо влијание врз нас, туку и дека не ни помогнало во учење на животните лекции кои и тоа како требало да ги знаеме.

Тие лекции се секојдневни работи и ситуации со кои се соочуваме и оценката која ќе ја добиеме главно зависи од нас самите. Ова се некои од тие работи на кои училиштето дефинитивно не ме научи:

- Како да купам стан или автомобил.

- Како воопшто да заработам пари за да ги купам истите.

- Како да се соочам со загубата на сакана личност независно дали се работи за партнер, пријател, миленик или член на семејството.

- Како да се бакнувам и да изразувам чуваства.

- Како да родам дете и истото да го одгледувам.

- Како да се однесувам на интервју.

- Како безболно да заминам од дома на пат кон остварување на соништата.

- Како да кажам збогум, а притоа да не се завртам уште еднаш.

- Како да сакам.

- Како да се справам со невозвратена љубов.

- Како да донесувам важни животни одлуки.

- Како да се соочувам со проблемите.

raboti-na-koi-ucilisteto-ne-me-nauci-1

- Како да ги препознаам лажните пријатели.

- Како да се однесувам во непозната земја.

- Како да го направам своето прво резиме и мотивационо писмо.

- Тајната на успехот не е постојано гледање во книгата, понекогаш треба да се има талент.

- Како што ние стануваме сè постари, истото се случува и со нашите родители, треба да им посветуваме повеќе време и внимание.

- Како правилно да го искусам првиот сексуален однос.

- Како да ги стекнам вистинските пријатели.

- Како да ги препознаам ситниците кои ме радуваат.

- Како да ги остварам своите соништа.

Надополнете ја листата со работи кои вие сте ги научиле без помош на училиштето!

Би можело да ве интересира:

7 важни животни лекции со кои ќе го најдете својот секојдневен мир Престанете да верувате дека социјалните мрежи ја одредуваат вашата вредност како...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg