Бобан Илиоски за CRNOBELO лексикон: „Би сакал да живеам во времето на гладијаторите“
- Детали
- петок, 14 март 2025
„Се тепам секогаш кога имам прилика, обожавам да се тепам (ха-ха)“ - напиша светскиот и европски шампион во кик-бокс Бобан Илиоски во нашиот лексикон.
Бобан Илиоски а актуелен светски и европски шампион во кик-бокс.
Момчето, кое со своите настапи на најголемите светски натпреварувања секогаш нè прави горди, се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com и ни откри работи за себе кои не ги зборува често во јавноста.
Бобан ни призна дека бил немирен ученик, а дека најдобар другар му е кучето Пако, од расата доберман, кое го чува веќе 3 години.
Што си помислил по првиот бакнеж и дали е во контакт со првата симпатија, ни откри во лексиконот:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Се викам Бобан ме викаат Бобанчо или Боби.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
28 години и сум Девица.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Омилена песна ми е „Боби баш ми е гајле“ од Eye Cue (ха-ха).
4. А омилена книга?
Омиленa книга mi e The Secret од Ронда Бирн.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Серија ми е Dragon Ball, а омилен лик Сон Џоку.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Навивам за „Вардар“. Омилен спортист ми е Алекс Поатан Переира.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам куче од расата доберман, се вика Пако.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
Хмм, не можам да се сетам.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Среќен.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Вода ми е омилен пијалак, а храна се разбира - ориз и пилешко (класика).
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Пако и се дружиме 3 години.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Немирен. Омилен предмет - спорт.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Исус Христос синот Божји.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Сон Џоку.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Сервис и граница.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





