Васил Зафирчев за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека сум убав ко турски глумец - тоа ми е најсмешниот комплимент“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Скок од тераса со чадор за дожд. Во стилот на инспекторот Мамли.
17. Дали некогаш си се степал?
Самоиницијативно никогаш. Но, неколкупати сум го извлекол подебелиот крај кога сум бранел други што се тепаат.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Дека во суштина сум срамежлив.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Стар Египет.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Куќа на море.
21. Од што се плашиш?
Од височина.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Кате. И денес комуницираме.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
„Цело Скопје“.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На книги и патувања.
25. Кое е најубавото место на светот?
Охрид.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Дека сум убав ко турски глумец.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
За ништо не се каам.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Не мисли, чувствувај!
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од тоа кога јас имав, а други немаа.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Васил: И што сфативте сега за мене?
CRNOBELO.com: Дека си прекрасен и дека (најверојатно) никогаш претходно не си се отворил толку многу во некое интервју и не си споделил толку лични работи за себе.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
фото: Приватна архива / Стефан Соколовски
Би можело да ве интересира:





