Васил Зафирчев за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека сум убав ко турски глумец - тоа ми е најсмешниот комплимент“
- Детали
- петок, 18 април 2025
„Прва симпатија ми беше Кате. И денес комуницираме“ - напиша актерот Васил Зафирчев во лексиконот на CRNOBELO.com.
Актерот Васил Зафирчев за многумина е вистинска енигма.
За својата професија и кариера секогаш раскажува со многу страст, но приватноста си ја чува за себе.
Овој пат, во Лексиконот на CRNOBELO.com, Васил ни откри работи кои најверојатно ги знаат само најблиските - како му се вика првата симпатија, како скокнал од тераса со отворен чадор, кои се најчудните пораки што ги добива на социјалните мрежи, каков ученик бил, на која песна откачува во кафеана...
Прочитајте што напиша Васил во нашиот лексикон:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Васил. Блиските ме викаат Васе или Васко. Немам прекар.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
На 28 февруари наполнив 45. Риби во хороскоп.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
„Чија си“ од Славе Димитров. Тоше Проески. Калиопи.
4. А омилена книга?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Мето Јовановски. Милица Стојанова. „Тетовирање“. „Преспав“.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Не сум спортист, но практикувам трчање и фитнес. Гледам тенис и уметничко лизгање. Навивам за македонскиот спорт.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Мачка. Мешавина од руска плава и домашна мачка. Се вика Луси.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
Кога непознати ќе ми пишат „Кога ќе се видиме?“.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Космонаут.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
„Дисароно сауер“. Италијанска кујна.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Калиопи ми е најдобра другарка. Од 2002.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Одличен. Првенец на генерација во основно и средно.
Најдобар студент на факултет. Омилен предмет ми беше македонски јазик и литература.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Немам идоли. Но, има луѓе кои ми биле инспирација.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Пинк Пантер.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Партизани и Германци. Горенка. Криенка и миженка.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





