Миро Кацаров за CRNOBELO лексикон: „Отсекогаш сакав да сум министер или пратеник“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Многу бељи правев, не знам која била најголема.
Се сеќавам, како деца ќе се организиравме во школо, па кршевме прозори, туркавме канти, вадевме знаци од коли, раткапни, такви некои бељи што денес децата не ги прават.
Пушевме цигари како мали и се криевме.
Во тоа време имаше Томос мотори, па кога ќе видевме некој паркиран, му стававме песок во резервоарот.
17. Дали некогаш си се степал?
Милион пати.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Некогаш правам „ццццц“ со забите и со устата, имам некои тикови кои се многу глупи, многу неубави.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во времето на Југославија. Многу ми ја фалат сите, па станувам југоносталгичар.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Имам сè, фала му на Господ, не ми треба ништо повеќе.
21. Од што се плашиш?
Од Бога.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Немам поим, тоа беше многу одамна, стар сум веќе.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
На оние од Тома Здравковиќ, Ѕвонко Богдан и Гоце Арнаудов.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На фамилијата - на жена, на дете, на мама, на тато, на брат ми и на поширокото семејство.
25. Кое е најубавото место на светот?
Тука мора да кажам три места - Санторини, Дубаи и Амстердам.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Дека сум геј.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Се каам за многу работи, но најмногу за тоа што некогаш сè си кажувам и премногу сум импулсивен.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Дека сум најјак фраер.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од самиот себе и од моите глупости.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Миро: Дали сум еден од брутално најискрените соговорници што сте ги имале?
CRNOBELO.com: Секако во топ 3, иако, сакаме да веруваме дека секој наш соговорник е искрен во одговорите.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





