Миро Кацаров за CRNOBELO лексикон: „Отсекогаш сакав да сум министер или пратеник“
- Детали
- петок, 07 март 2025
„Кога бев дете, имаше Томос мотори, па кога со другарите ќе видевме некој паркиран, намерно му стававме песок во резервоарот“ - напиша во нашиот лекксикон водителот Миро Кацаров.
Миро Кацаров долги години е на ТВ-екраните, а во моментов секој викенд ја гледаме неговата емисија G-Carpet.
Искрен и избувлив, овој Рак со Лав во подзнак, признава дека секогаш и секаде сака да е доминантен, а на тоа влијае неговиот хороскоп.
Миро се потпиша во нашиот лексикон и призна дека се степал милион пати, а дека не може да ги доброи бељите што ги правел како дете со другарчињата во Штип.
За првиот бакнеж, зошто не се сеќава на првата симпатија и кој е најсмешниот комплимент што го добил - прочитајте го лексиконот:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Се викам Миро Кацаров, а прекарот ми е Миро де Ниро.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 39 години, во хороскоп сум Рак со Лав, ама Лавот ми преовладува и затоа сакам да сум доминантен, во центарот на вниманието.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Пејач ми е The Weeknd, а во последно време и Кендрик Ламар. Од македонските, секако, тоа е Тоше Проески.
Омилена песна и пејачка немам.
4. А омилена книга?
Омилена книга ми е „Татко и отец“, од татко ми Трајче Кацаров, наградена со наградата „Григор Прличев“.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Џејсон Стејтам ми е многу добар, ги обожавам Роберт де Ниро и Дензел Вашингтон.
Последниот добар филм што го гледав е Gladiator 2. А серија е Lupin, ја има на Нетфликс.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Омилен клуб ми е AC Milan, омилен фудбалер ми е Меси, а омилени кошаркари ми се Леброн Џејмс и Никола Јокиќ.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам три кучиња кои се вдомени, и тоа Златко, Живко и Мина.
Имаме вдомено и две мачки, Донка и Царка. Тие живеат на нашата викендица.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
Ми се закануваше некој со албанско знаме дека цела Македонија ќе видела што ќе ми направел и ќе се смеела.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Цел живот сакав да сум политичар, министер, пратеник...
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Виски Macallan. Морска храна.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Кумот Горан Арсовски - Гоче ми е најдобар другар.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одличен ученик, а ги сакав географија и историја.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Имам двајца - мајка ми и татко ми.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Попај зашто цело време ја брани Олива од Дибек.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Фудбал, а игравме и жмурка во тоа време.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





