Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Не верувам во идоли, верувам во инспиративни примери, а такви ги има во секојдневните примери на луѓе.

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Вили ква ква, да го пробам конечно колачот со полжави.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Си играв учителка и ТВ презентерка. Сакав да шијам и да правам креации за мојата Барбика.

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Еднаш на мајка ми со ножици ѝ исеков еден фустан во знак на револт затоа што сметав дека нешто може, а таа не сака да ми го исполни. Уште ми го памти.

snezhe-velkov-za-crnobelo-leksikon-na-majka-mi-i-isekov-fustan-so-nozhici-ushte-mi-go-pamti-toa-02.jpg

17. Дали некогаш си се степала?

Еднаш. Оттогаш никој не смее да ме „закача“.

18. Што правиш во слободно време?

Готвам, читам, чистам, возам велосипед, слушам инспиративни приказни од мудри луѓе и обожавам да си ќутам.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Во времето на Александар Македонски, чисто да го прашам човекот „Момче, ти чиј си?“

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Немам, а сакам да имам 175cm висина.

snezhe-velkov-za-crnobelo-leksikon-na-majka-mi-i-isekov-fustan-so-nozhici-ushte-mi-go-pamti-toa-05.jpg

21. Од што се плашиш?

Од кучиња.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Во градинка имаше еден Бранко. Не знам каде е сега.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

„Налеј, налеј“.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

На велосипедот и на блендерот. Душа им извадив и на двата.

25. Кое е најубавото место на светот?

Дома.

snezhe-velkov-za-crnobelo-leksikon-na-majka-mi-i-isekov-fustan-so-nozhici-ushte-mi-go-pamti-toa-08.jpg

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Снеже: Зошто на кесичката од супата од кокошка има петел?

CRNOBELO.com: Затоа што само петелот бил спремен за сликање (му требало помалку време да се дотера).

snezhe-velkov-za-crnobelo-leksikon-na-majka-mi-i-isekov-fustan-so-nozhici-ushte-mi-go-pamti-toa-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg