Жарко Димоски за CRNOBELO лексикон: „Удрив кола во бандера на 5 години“

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев во принцип одличен ученик, а омилен предмет ми беше историја.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Моите родители.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Чарли, чевелот-кловн од цртаниот The Shoe People. Во приложените фотки имам и торта со Чарли за мојот 5-ти роденден.

zharko-dimoski-za-crnobelo-leksikon-udriv-kola-vo-bandera-na-5-godini-03.jpg

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Сите игри со стратешка содржина и по можност со некои оружја на каписли и дијаболи.

16. Најголема беља што си ја направил во детството?

Го свртев клучот на кола ставена во брзина без да стиснам куплунг.

А и да сакав, немаше да можам да стиснам на куплунгот, зашто бев многу мал, имав 5 години. Колата „рипна“ и се удри во бандерата до којашто беше паркирана.

17. Дали некогаш си се степал?

Имаше бурни периоди.

zharko-dimoski-za-crnobelo-leksikon-udriv-kola-vo-bandera-na-5-godini-06.jpg

18. Што правиш во слободно време?

Периодов си играм со синот најмногу од сè.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?

Три периоди се отсекогаш: Среден век, времето на дивиот запад и времето на прохибицијата. И тоа нема да се смени сè додека не ги посетам, а после ќе видиме.

20. Што немаш, а би сакал да имаш?

Му благодарам на Бога за сè што имам моментално, доволно ми е.

zharko-dimoski-za-crnobelo-leksikon-udriv-kola-vo-bandera-na-5-godini-11.jpg

21. Од што се плашиш?

Конкретно не знам. Но, кога и да осетам страв од нешто, го користам за инспирација.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Брижит Бардо - кога првпат ја видов на ТВ тоа беше не симпатија, туку љубов на прв поглед.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Обично не стигнувам да откачам зашто секогаш ме тераат да пеам и другите околу мене откачуваат.

zharko-dimoski-za-crnobelo-leksikon-udriv-kola-vo-bandera-na-5-godini-02.jpg

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Сите пари потрошени на патување се најдобро потрошените пари, инвестиција во себе, тие околу тебе и животот.

25. Кое е најубавото место на светот?

Прегратката на мојата сопруга и, по ново, прегратката на синчето.

zharko-dimoski-za-crnobelo-leksikon-udriv-kola-vo-bandera-na-5-godini-08.jpg

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон, а ние ќе ти одговориме.

Жарко: Каде се гледате за 10 години?

CRNOBELO.com: На врвот.

zharko-dimoski-za-crnobelo-leksikon-udriv-kola-vo-bandera-na-5-godini-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg