Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар другар и знаеше“
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Стариот Александар Динев, кој направи сè и жртвуваше многу за јас денес да сум тука.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Сунѓерот Боб, затоа што жолтата боја ми е омилена и ме потсетува на среќа. А и карактерно сме исти.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Правење торти од кал со другарите во двор.
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Имам паднато на остар камен директно во чело, а кога станав истиот ми стоеше во глава и изгледав како еднорог. Сега е смешно, ама тогаш болеше многу!
17. Дали некогаш си се степал?
На дневна база со брат ми додека живеевме заедно.
18. Што правиш во слободно време?
Се гледам со блиските и обично правиме некои активности како цртање, пикник, диско и слично.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Можеби 5.000 години напред во иднината, би сакал да знам како ќе изгледа светот.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Имам сè што ми треба, а тоа ми е сосема доволно.
21. Од што се плашиш?
Од темница и луѓе кои не се бањаат.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Другарка од клас, таа сега има дечко, а дечко ѝ тогаш ми беше најдобар другар и знаеше дека ми се допаѓа.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
„Дубаи“, Теа Таировиќ.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Робот правосмукалка, веќе не ме мрзи да правосмукам.
25. Кое е најубавото место на светот?
Прегратката на најблиските. Ама и... Дубаи!
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Александар: Не ве познавам лично, ама кога на кафе шема?
CRNOBELO.com: Во секое време, ајде дојди ни на гости во редакција.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело