Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар другар и знаеше“
- Детали
- петок, 03 мај 2024
„Како мал имам паднато на остар камен, директно во чело. Кога станав, истиот ми стоеше во главата и изгледав како еднорог. Сега е смешно, ама тогаш болеше многу“, напиша инфлуенсерот Александар Динев во нашиот лексикон.
Александар Динев, еден од најпопуларните млади инфлуенсери кај нас (со скоро 30.000 следбеници на Инстаграм и преку 300.000 следбеници на Тик-Ток), одговараше на прашањата од нашиот лексикон.
Тој ни откри дека често се тепал со брат му, зошто би сакал да е Сунѓерот Боб, дали е по спортот, но и во кое доба би сакал да отпатува ако има временска машина.
Прочитајте што напиша Александар во лексиконот на CRNOBELO:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Јас сум Александар Динев, но обично ме викаат Аце или Алекс.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 20 години (28.11.2003) и сум Стрелец во хороскоп, но не верувам во астрологија.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Секоја песна на Аријана Гранде и Били Ајлиш - ги обожавам!
4. А омилена книга?
„Богат татко, сиромашен татко“ од Роберт Киосаки.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Ретко гледам, но серијата Stranger Things уште од мал ми останала како една од најинтересните.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Уммм, фудбал, кошарка... што е тоа? Ха, ха, ха, очигледно е дека немам и дека не следам спорт.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Не, ама имам перница во форма на бувче која ја гушкам секоја вечер додека спијам.
8. Кој ти е среќен број?
7.
9. Кој ти е омилен виц?
Мојот живот е виц, секогаш ги доживувам најлудите ситуации!
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Пијалак вода, пијам над 3 литри дневно. А за храна сè што готви баба.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам повеќе блиски луѓе околу мене, истите се бројат на една рака - една од нив ми е другарка повеќе од 10 години.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев и добар ама и лош, но секогаш бев мирен и не бев бунтовник. Во средно највеќе се фокусирав на училиште и редев само петки, освен по математика. Омилен предмет - ликовно.