Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“

„Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ме утепаш сега не знам кој е, каде е, ама на емоциите се сеќавам“ – модната дизајнерка Ивана Кнез се потпиша во CRNOBELO лексикон.

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa-01.jpg

Нашата дизајнерка Ивана Кнез, неодамна го прослави својот 39-ти роденден, имаше прекрасна модна ревија во рамки на Скопски моден фестивал, а најде време да се потпише и во CRNOBELO лексикон и да сподели неколку детали за себе од детството со нашите читатели.

За себе вели дека била „ифрит“ дете, а мајка ѝ може со часови да раскажува за сите бељи што ги правела.

Погледнете ги нејзините одговори за CRNOBELO лексиконот во продолжение:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Ивана Кнез. Ивче за најблиските (не си пробувајте на среќа непријатна сум).

2. Колку години имаш и што си во хороскоп? (Датум на раѓање)

02.04.1985 Овца по природа и општество.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Clair de Lune, David Bowie, Lisa Gerrard.

4. А омилена книга?

„Сибирка“. Првата на која се сеќавам.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Расел Кроу (заради него верувам во Гладијатор на бел коњ,) Анџелина Џоли (дека е специјалка на дело). Gladiator, Rambo, The Shawshank Redemption, The Godfather, The Sopranos, Penny Dreadfull.

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa02.jpg

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

„Вардар“ дека треба, инаку ништо од спорт не пратам.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам стадо, 4 кучиња и 11 мачки, Столе ми е најактуелен и сме генерација на умирање.

8. Кој ти е среќен број?

888

9. Кој ти е омилен виц?

Ауууу немам, нит знам, нит познавам.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Ориз во сите верзии и вода во сите верзии. Знаете дека водата има различен вкус така?!

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa03.jpg

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам една шака љубови што не ги менувам за никој и еве веќе успешно ме трпат години наназад.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Ако чита класната, Ане извини: 400 оправдани ама важно сите 5-ки.

Ликовно и англиски, Шекспир го голтам уште од основно.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Секоја жена денес, во многу наопачкo време живееме, успех е да си своја и единствена.

14. Кога би можел/а да си лик од цртаните, кој лик би сакал/а да бидеш?

Убавицата, за да го запознаам Sверот.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Народна, ластик, собирање ливчиња и дневник на поговорки.

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg