Каде се денес ѕвездите на М2 продукција: Што прават сега Сакине, Џеват, Александра Пилева, Игор и Сања Лефкова?
Алексадра Пилева
Александра Пилева, денес Чадиев, беше најстарата финалистка во првата сезона од ова шоу, која на финалето настапи со песната „Ангел мој“.
Во 2005 година заедно со Мартин Вучиќ се натпреваруваа за избор на претставник за Евровизија и каде ја изведе песната „Сонце и месечина“ и овои поголем број телефонски гласови. Вучиќ сепак освои повеќе гласови од жирито и публиката.
Денес заедно со сопругот Зоран и синот Лука живеат во Америка, каде Александра работи како агент за недвижнини, но љубовта кон музиката никогаш не згаснала.
И понатаму настапува, понекогаш со бенд, а понекогаш самата таа со гитара. Свири американски класици, рок, поп, кантри музика, а понекогаш пее и на настаните организирани од Македонците кои живеат во Америка.
Сакине Џеладиновска
Сакине беше дел од третата сезона „Плеј потрага по соѕвездие“, после што заедно со Нина Јанева, Магдалена Цветковска и Изабела Јованов беа избрани да бидат членови на бендот 4 Плеј.
Како бенд не постоеја долго на сцената, но издадоа хитови кои се пеат и денес.
Нина и понатаму се занимава со музика и редовно настапува, Магдалена е еден од најдобрите текстописци во земјава и заедно со нејзиниот брат Лазар Цветковски ги имаат направено најголемите музички хитови, Изабела целосно се повлече од естрадата и се пресели од земјава.
Сакине денес е дипломиран психолог и зумба и пилатес инструктор.
Мора да се признае дека изгледа подобро од кога било. Погледнете:
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук