„12 величествени“, „М2 потрага по ѕвезда“: Гламурозни манифестации кои не постојат, а би сакале да се вратат

Освен „Златна Бубамара на популарноста“, која има традиција долга 26 години, многу од манифестациите и фестивалите во Македонија, кои беа синоним за успех, но и гламур низ годините, денес не постојат. А многу би сакале да се вратат пак.

12-velichestveni-m2-potraga-po-dzvezda-glamurozni-manifestacii-koi-ne-postojat-a-bi-sakale-da-se-vratat-01.jpg

Првата асоцијација кога ќе се спомнат „12 величествени“, „Скопски фестивал“, „МАРС“, „М2 потрага по ѕвезда“ е носталгија. По едни убави времиња, кога на македонската музичка сцена постојано се случуваше нешто – се промовираа песни, спотови, албуми, се организираа фестивали и напорната работа на музичарите беше наградувана со статуетки, кои беа показател за нивниот успех.

Освен „Златна Бубамара на популарноста“, која има традиција долга 26 години, многу од манифестациите и фестивалите во Македонија кои беа синоним за успех, но и гламур, денес не постојат.

А баш би сакале да се вратат пак.

Кои беа некои од најпопуларните манифестации и фестивали, кои веќе не постојат?

„12 величествени“

Една од првите манифестации на која се доделуваа награди за најуспешните, беше „12 величествени“.

Во Универзална сала се собираа најпопуларните музичари од таа година, но и многу актери, спортисти, новинари и публика која ја обожаваше нивната работа, па уживаа во неколкучасовната забава.

12-velichestveni-m2-potraga-po-dzvezda-glamurozni-manifestacii-koi-ne-postojat-a-bi-sakale-da-se-vratat-02.jpg

И додека на сцената се менуваа изведувачите и водителите, се доделуваа наградите за најдобар пејач, пејачка, спот, албум, трајни вредности, за најдобра и најслушана песна во изминатата година.

И сето тоа во 12 категории.

Секојпат на доделувањето на наградите имаше и по некој специјален гостин по поранешна Југославија, чиј настап ја збогатуваше програмата на манифестацијата.

„МАРС - Македонски радиски фестивал“

Од 2008 до 2017 уште една манифестација им доделуваше награди на најуспешните музичари, Македонскиот радиски фестивал - МАРС.

Овојпат за наградите гласаа претставниците од околу 40 радиостаници од цела Македонија, а победници беа пејачи и песни кои биле најмногу пуштани и барани во етерот во изминатата година.

12-velichestveni-m2-potraga-po-dzvezda-glamurozni-manifestacii-koi-ne-postojat-a-bi-sakale-da-se-vratat.jpg

Идеен творец на фестивалот беше Антонио Димитриевски.

Настанот на почетокот се одржуваше во „Универзална сала“, а потоа и на сцената на МОБ.

За жал, згасна по 10 години.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат т... „Бев одличен до осмо, ама во средно почнав да забушавам, но од тогаш и заработув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg