Приказната која ми ја раскажа мојот татко ме научи да бидам спремен на сѐ во животот
Синот не излегувал од кафеаната со своите пријатели. Постојано ги честел и ги нарачувал најубавото вино и највкусната храна за своите пријатели.
Секако по извесен период на младото момче му дошло и времето за женење. Па така се оженил со најубавата девојка во селото.
Поради големиот имот којшто го имало момчето, секако оставен од неговиот татко, тој барал пријатели кои ќе можат да го следат неговиот статус.
Па така набрзо станал прв пријател со кадијата.
Момчето мислејќи дека кадијата му е вистински пријател, често му позајмувал пари исто како и на своите други пријатели.
Но, еден ден се случила пресвртница во неговиот живот, која променила многу работи.
Момчето се досетило на советите од татко му и сакало да провери колку биле тие вистински.
Затоа, заклало една овца и ги обоило рацете со нејзината крв и зад куќата ја закопало нејзината кожа, па такво крваво отишло кај неговата жена.
'Леле жено помагај, крадец ни влегол во куќата. Сакаше да ме ограби, ме нападна и го отепав. Те молам не кажувај никому, ќе одам и ќе го закопам за никој да не нè дознае', момчето ѝ рекло на својата жена.
Неговата жена пак преплашена од тоа што се случило, без двоумење отишла и го предала на кадијата.
Така момчето било изведено пред судот, односно пред кадијата кој бил негов најдобар пријател.
Кадијата веднаш донел одлука да си го обеси пријателот, а неговите пријатели од кафеаната седеле настрана и само го гледале.
Пред да му биде изречена пресудата, момчето му ја кажало вистината на кадијата:
'Сакаше да ме осудиш на смрт, за да не ми го вратиш заемот којшто сум ти го дал, а не знаеше дека сите ве ставив на тест за да проверам колку навистина сте ми пријатели и дали воопшто ме сакате'.
На крајот момчето ги разбрало зборовите на неговиот татко.
Еве ме мене, поминаа многу години после вечерта кога мојот татко ми ја раскажуваше оваа приказна.
Моите родители починаа. Јас се преселив во градот, завршив факултет и живеам далеку подобар живот од моето детство.
Но, сепак им ја раскажувам истата приказна и на моите деца.
Животот е сурова игра. Воз кој поминува низ шини и никого не чека.
А луѓето во него – трн од кој сериозно можеш да настрадаш доколку не внимаваш.
Додека во животот се сè сведува на некаква корист, многу е важно да ги пронајдеме вистинските луѓе.
Парите и материјалното богатство не го прават човекот, тие можат да бидат тестот кој ќе го проверат човекот дали е до тебе поради нив или поради тебе.
Приказните не се кажани беспотребно, тие живееле и ќе живеат за да ни бидат вечна поука.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Б. | Црнобело / фото: freepik.com