Приказната која ми ја раскажа мојот татко ме научи да бидам спремен на сѐ во животот

Животот е сурова игра. Воз кој поминува низ шини и никого не чека. А луѓето во него – трн од кој сериозно можеш да настрадаш доколку не внимаваш. Додека во животот се сè сведува на некаква корист, многу е важно да ги пронајдеме вистинските луѓе. Приказната што мене ми ја раскажа татко ми и денес им ја раскажувам на моите деца, а вреди и вие да ја прочитате.

prikaznata-koja-mi-ja-raskaza-mojot-tatko-me-nauci-da-bidam-spremen-na-se-vo-zivotot-01.jpg

Беше студена зимска ноќ. Ние бевме тројца браќа којшто од утро до мрак работеа како аргати по туѓите дворови за да можеме барем парче топол леб да им однесеме на нашите стари родители.

Се враќавме премрзнати од студот во нашата куќа која се наоѓаше на крајот од селото. Тоа беше малечка трошна куќа но имаше голема топлина, бидејќи беше изградена со многу љубов од мојот татко.

Седевме покрај огништето, додека нашата мајка ни подготвуваше вечера.

Топла чорба, со по некоја коска во неа. Парче вчерашен леб, малку сирење, како и неколку костени кои се печеа во огништето пред кое седевме.

prikaznata-koja-mi-ja-raskaza-mojot-tatko-me-nauci-da-bidam-spremen-na-se-vo-zivotot-02.jpg

Така се одвиваше секоја наша вечер. Ќе седневме покрај огнот и ќе муабетевме со нашите родители буквално за сѐ.

Вечерта не можеше да помине, без нашиот татко да ни раскаже некоја приказна. Од оние народните, поучните, кои кријат длабока вистина во себе. Оние приказни коишто некој ги смислил бидејќи ги доживеал и извлекол вистинска поука од нив.

Приказната што ни ја раскажа таа вечер ќе ја паметам целиот мој живот. Бидејќи ме натера да научам како да живеам чекорејќи по трнливата патека на која ќе сретнеш сè во животот.

Прочитајте ја приказната којашто ми ја раскажа мојот татко во продолжение:

„Еднаш многу одамна, во едно старо време и пред многу години си постоел еден човек кој се наоѓал на смртна постела.

Знаејќи дека му се ближи крајот, еден ден го повикал сопствениот син – единец и му го рекол следното:

'Синко ти оставам голем имот, ако знаеш да живееш ќе живееш господарски, ако нè, може да почнеш и да просиш'.

Синот кој се наоѓал во неизмерна тага за својот татко, со солзи во очите продолжил да ги слуша неговите последни зборови.

Тоа биле трите заповеди коишто му ги кажал неговиот татко.

Првото нешто што му го кажал било ова:

'Внимавај, со расипикуќи и луѓе кои не стануваат од кафеана да не се дружиш'.

Продолжил понатаму и му ја кажал и втората заповед:

'Со првиот големец во судот другар да не бидеш'.

И на крајот му ја кажал и третата заповед која највеќе го замислила, таткото му рекол:

'Во секоја жена верба да немаш'.

Како што времето одминувало, така синот пораснал и созреал.

Заповедите коишто му ги кажал неговиот татко брзо исчезнале од неговата меморија.

Но, некако судбината ги промешала картите и го направила своето.

Имено, сето она коешто му го кажал неговиот татко, за жал, почнало да се остварува.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg