Плажите на Вардар, езерото Треска и базенот под Кале - Носталгија за скопските лета

Скопје и лето, тоа е таа пеколна комбинација, од која секоја сака да избега што подалеку - кој на плажа, кој на планина, само да се спаси од тие горештини. Што би се рекло, здив да земе, зошто во последниве години, во Скопје не се дише. Урбанизацијата скапо си го наплаќа данокот, па колку повеќе се гради, толку пожешко е во лето.

leto-vo-skopje-nekogash-i-sega-plazite-na-vardar-ezerceto-treska-i-bazenot-pod-kale-01_copy.jpgфото: Инстаграм

Сега, секоја куќа и стан има клима-уред, а порано се спиеше со врати и прозорци ширум отворени, бидејќи никој не се плашеше од кражби. А и полесно се дишеше, се чувствуваше ветре.

Сега Скопје е урбана џунгла заробена во бетон кој во јули и август чиниш е жар. Порано доволно беше парче ледена лубеница купена од скопските пазари, Снежец или шише пиво, а сега „фенси“ коктели, ледени кафиња и овошни салати со сè освен овошје.

Децата на распуст, по цел ден на улиците или по базените, а денес пред компјутер или со мобилните во рака.

Плажите на Вардар, само драг спомен

До пред катастрофалниот земјотрес, кој го смени ликот на главниот град пред точно шест децении, плажите на Вардар беа спасот за скопјани од летните горештини.

Ние, помладите генерации, за овие легендарни плажи знаеме од архивите со стари фотографии, носталгичните емисии и, секако, нашите баби и дедовци кои со тажна насмевка ни раскажуваат за „тие убави времиња“.

Старите скопјани раскажуваат за плажите во градот и надвор од него, а покрај Вардар, плажи имало и на реките Пчиња и Треска.

Според стари записи за далечните 1930-ти и 1940-ти, на Вардар имало повеќе плажи кои летно време били преполни со капачи, а се разликувале по нивниот статус.

Градската плажа во близина на Идадија била монденска, а на Руска плажа се капеле газдите и богатите. На оваа плажа се надоврзувале Војничката плажа, па Турската плажа, Циганската плажа и на крај „Мангупската детска плажа“, а за офицерите имало и посебна плажа - Офицерска.

Ова се најпознатите плажи, но долж теченијата на реките имало и мали и диви плажи, скриени од очите на народот, за кои читав низ форумите дека биле нудистички.

Одењето на градските плажи било прав ритуал, групи момци или девојки, или цели семејства, со храна подготвена од дома и ќебе послано на брегот, ладно пиво и оранжада, без сега познатите и скапи лежалки, чадори и бич-барови.

Старите раскажуваат дека да се биде прав фраер во летото значело и да се скокне од највисокиот и најстрашниот мост, а тоа бил Железничкиот мост во Маџир Маало.

Кој не бил љубител на плажите, спасот го барел во дебелите сенки во шумите на Скопска Црна Гора и Водно. Се правале цели каравани, спиење под отворено небо и многу дружба.

А, вистинските боеми летните вечери ги поминувале во рестораните со пријатни тераси и бавчи во Градскиот парк или чаршијата.

Но, сета таа летна идила е уништена со кобниот земјотрес, кој ги загади водите на Вардар, а од некогашните плажи останаа само драги спомени.

На Вардар сега може да се сретне по некој осамен рибар, многу отпад и градежен материјал. Исчезна магијата на реката во чии води некогаш се белеле платна.

Езерцето Треска – спомен кој никогаш не си врати стариот сјај

Плажите на Вардар без заменети со езерцето Треска, едно од моите омилени места како дете. Се сеќавам на лизгавиот брег на самото влегување во водата и сладолед Снежец од големиот бел фрижидер во ресторанот.

Покрај езерцето, целиот комплекс имаше и камп приколки кои беа вистински спас од пеколните горештини, скриени во сенките на крајот од градот. Преку ден детски џагор, а навечер мирис на скара, песна и гитари.

leto-vo-skopje-nekogash-i-sega-plazite-na-vardar-ezerceto-treska-i-bazenot-pod-kale-002.jpgфото: Фејсбук

Езерото е изградено во 1978 година по иницијатива и спонзорство на скопјани, беше хит во летните месеци скоро две децении, пред да биде затворено за капење.

И покрај многуте ветувања за враќање на неговиот стар сјај и шарм, и овој летен рај за бегство на скопјани замина во историјата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg