7 работи без кои не можеме да си го замислиме животот, а нашите мајки и баби одлично се снаоѓале без нив
Брз транспорт
Денес за само неколку минути може да стигнеме секаде со автомобил, такси, автобус, па и електричен тротинет. Поради цените на авиобилетите, за помалку од еден ден можеме лесно да стигнеме од една до друга страна на светот.
Нашите баби секаде оделе пешки или со запрежна кола што ја влечеле коњи. Малку полесно им било на мајките, кои веќе имале автомобили, возови, велосипеди.
Тие не влегувале во такси без потреба. Ние, пак, понекогаш влегуваме во такси и за дистанца што пеш може да ја поминеме за 20 минути.
Вештачки трепки
Вештачките трепки денес не само што се популарни, туку се и меѓу редовните процедури за разубавување на дамите. Со вештачки трепки, дури и да не ставиме шминка, ликот ни е веднаш поубав.
Нашите мајки немале вакви можности за разубавување – тие користеле маскара, моливче за очи и така го нагласувале окото.
Пумпи за измолзување
Младите мајки денес имаат пумпи за измолзување, кои им помагаат побрзо и полесно да го „соберат“ млекото од градите по породувањето. Истовремено, додека пумпите работат, тие можат да завршат и некоја друга обврска, бидејќи рацете не им се зафатени.
Нашите мајки и баби се измолзувале сами со рака, па го складирале млекото во садови и шишенца, ако им требало млеко за да го дохранат бебето.
Работа од дома
Денес работењето од дома е сосема нормално. Работата можете да ја завршите и додека седите на плажа со кафе или додека сте на зимување на планина и чекате да се качите на жичница.
Во времето на нашите мајки тоа било незамисливо. Се работело од 7 до 15 часот или од 14 до 22 часот, во канцеларија.
Затоа на нашите родители денес им е чуден нашиот начин на функционирање, работата од мобилен, одговарање на деловни пораки на полноќ, работа за странски компании, со работно време според временската зона од која е матичната компанија.
А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos