7 работи без кои не можеме да си го замислиме животот, а нашите мајки и баби одлично се снаоѓале без нив
Некогаш телефоните служеле само за комуникација – да се слушнеме со семејството или пријателите. Денес, на мобилните ни е наместен алармот за будење, потсетникот со дневни активности, преку мобилен ги плаќаме сметките, запознаваме нови партнери.
Живееме во брзо време со многу предизвици. Сакаме да студираме, да работиме, да се храниме здраво, да се видиме со пријателите, сакаме да стигнеме секаде, да бидеме успешни на секое поле и да не пропуштиме ништо во животот. Имаме технологија, можност за брза комуникација, за само неколку часа стигнуваме од еден до друг крај на светот...
Нашите мајки и баби живееле во поинакво време и без сите погодности што ги имаме ние денес. А сепак, велат дека животот во нивно време бил многу подобар.
Кои се работите без кои ние не можеме да си го замислиме животот, а без кои нашите мајки и баби одлично се снаоѓале?
Достава на храна
Многу често нè мрзи да готвиме, па порачуваме храна што ќе ни ја достават дома. Или кога ќе ни се најават гости, наместо да одиме до маркет за да купиме нешто за да го зготвиме и сервираме, се јавуваме до омилениот ресторан и нарачуваме храна што ќе ни ја донесат на домашна адреса за неколку минути.
Иако домашната храна е незаменлива, сепак сè почесто како да го избираме полесниот начин.
Нашите мајки и баби немале таква помош. Тие готвеле секој ден (некои готват и денес) за целото семејство, и поминувале и по неколку часа во кујната за да постават топла храна на трпезата.
И признајте, ништо не може да ја замени кујната на баба, нели?
Паметни телефони
Животот со паметните телефони е многу полесен - точно, но тие ни се во рака дури и кога не треба. Некогаш телефоните служеле само за комуникација – да се слушнеме со семејството или пријателите.
Денес на мобилните ни е наместен алармот за будење, потсетникот со дневни активности, преку мобилен ги плаќаме сметките, уредуваме слики, запознаваме нови партнери и почнуваме љубовни врски. Пораките наместо на лист со пенкало, ги пишуваме преку телефонот.
Денешните мајки и татковци преку групните училишни пораки дознаваат веднаш сè за своите деца, за разлика од минатото, кога морале да одат на училиште и да се видат со професорите. Но, и покрај тоа, одлично се снаоѓале и се справувале со сите предизвици на тогашното живеење.
Брзи информации за сè
Денес, информациите ни се достапни за само неколку секунди, доволно е да пребараме на Google. Но, брзиот тек на информации, различни коментари од многу страни, можат да доведат до стрес и анксиозност.
Нашите мајки и баби ја немале таа среќа. Тие до информациите стигнувале потешко – нешто ќе прочитаат во весник со неколку дена задоцнување, за нешто ќе чујат од соседите, ама ќе го прифатат со доза на резерва.
Иако информациите ги добивале доцна, сепак биле во тек со многу работи.