Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поучната приказна за двете врапчиња, која треба да ја помните до крајот на животот

puchnata-prikazna-za-dvete-vrapchinja-koja-treba-da-ja-pomnite-do-krajot-na-zhivotot-01povekje.jpg

Две врапчиња безгрижно си разговарале стоејќи на една врба.

Едното удобно се сместило на врвот од врбата, а другото стоело долу на првите гранки, од каде врбата се разгранувала.

„Баш се прекрасни овие зелени лисја“, рекло врапчето кое стоело горе.

Врапчето кое стоело долу ова го сфатило како провокација, па му рекло:

„Лисјето е бело, освен ако со твојот вид нешто не е во ред!“

„Слеп си ти, јас гледам дека е зелено“, рекло горното врапче.

„Се кладам во перјето од мојот опаш дека е бело, ти си полудел“, вели долното врапче.

Врапчето од горе се изнервирало и се симнало долу да му одржи лекција на пријателот.

Подготвено за двобој се симнало и кога погледнало нагоре кон лисјето се запрепастило.

„Па, одовде навистина изгледа бело“, рекло тоа.

Потоа двете врапчиња се качиле горе и речиси во еден глас рекле:

„Одовде се зелени“.

Заклучокот е: Не суди никому ако барем еден час не си чекорел во неговите чевли.

Извор

Би можело да ве интересира:

Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
Поучната приказна за Војдан и неговите родители е моќна порака за сите Родителите на Војдан секоја година за време на летниот распуст го носеле кај баб...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Поучна приказна за лисицата и грозјето (секој треба да ја прочита) Едно попладне лисицата шетала низ шумата и видела грозд како виси од една гранка...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg