Идеи за креативни новогодишни подароци за деца, од македонски мали бизниси (фото)

Новогодишниот период е најубав за малечките, па зошто да не ги израдуваме со креативни подароци направени од македонски локални бизниси и да направиме добро дело?

idei-za-kreativni-novogodishni-podaroci-za-deca-od-makedonski-mali-biznisi-foto--01.jpg

Имагинацијата на македонските креативци не познава граници, а за тоа се доказ неколку локални бизниси кои изработуваат креативни производи за деца.

Па годинава, наместо вообичаените пакетчиња и играчки, поддржете ги локалните бизниси, а воедно израдувајте ги вашите најмили со уникатни подароци.

Од новогодишен календар и производи за забава и развој на моторика на детето до новогодишна персонализирани книга, дрвена куќичка или облека – во сите производи се гледа дека е вложено многу љубов и труд.

Во продолжение неколку идеи од Инстаграм профилите на македонските креативци:

Дрвена куќа со декоративни дрвени лампиони во различни бои - kids_hut_mk

Секој лампион има бројка и дечињата треба соодветно да ги наредат на куќата. Со оваа активност покрај тоа што ќе ја развиваат моториката, ќе се забавуваат со изучување и на бројките.

Рачно изработен новогодишен календар - kidsandco.mk

Ѕиден календар со 31 џеб за секој ден од месец декември и одбројување на Новата година и доаѓањето на Дедо Мраз.

Новогодишни лампиони кои децата сами ги бојат - diykids.mk

Четири новогодишни лампиони со по пет декоративни украси кои откако ќе се обојат треба да се закачат на лампионот и украсат. Содржи и 3 темперни боички, четкичка за боење, пом-пом топчиња, 4 врвки за лампион.

Елка меморија - diykids.mk

Фигура на елка од цврсто дупло дрво со шест прозорчиња со дрвени рачиња, прелепена со хартија од боја на база на вода. Под секое прозорче се крие различна новогодишна фигура која детенцето треба да ја погоди каде е отккао ќе ги види еднаш сите и ќе ги затвори прозорчињата.

Монтесори елка - diykids.mk

Фигура на елка од цврсто дупло дрво, со кругчиња кои се вадат и ставаат како лампиони во разни бои. Содржи и 8 картички за шеми на редење на елката, кое детето треба да ги следи и да ја украси елката според нив.

Уште 5 идеи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

5 идеи за украсување на божиќната трпеза Аранжман од неколку божиќни цвеќиња на средината на масата, или пак, минималисти...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Автобус, авион: Луѓе си направиле прекрасни домови од превозни средства (фото) Ако сте вљубеници во авантура и необично искуство, тогаш дефинитивно ќе ви се до...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg